- Грчката јавност е згрозена од убиството на младиот 29-годишен Михалис, симпатизер на АЕК Атина во нередите кои ги предизвикале хрватските навивачи на Динамо Загреб доцна синоќа кај стадионот на грчкиот шампион.
- И покрај силните притисоци од грчкиот клуб двомечот да не се одигра и Динамо З. да биде исфрлен од еврокуповите, УЕФА им прогледува низ прсти на „модрите“ и за сега нема да им изрече таква казна, со голем услов дека при првиот најмал следен инцидент ќе летаат од Европа. Динамо и АЕК ќе играат најверојатно прво во Загреб на 15-ти август а неколку дена подоцна реванш во Грција.
- Хрватските медиуми пишуваат дека Динамо не сноси никаква одговорност затоа што не продавал карти за свои навивачи за овој меч во Атина, не организирал никого таму да гостува и дека строго се оградува од страшните настани во грчката престолнина.
- Пред натпреварот Ница - Рома (1-2) од 1. коло во Лига Европа, француската полиција осуетила и привела повеќе од 100 навивачи на Рома меѓу кои нашле арсенал студено оружје, палки, метални шипки, боксувачи, димни бомби и др.
- 28 навивачи од Рим по брза судска постапка биле осудени на минимум 2-месеци затвор во Ница и таму ќе останат најмалку до крајот на ноември. На оние кои се ресидивисти, односно кои го повториле делото и биле учесници во инциденти и нереди на натпреварите против Тотенхем, Билбао и Сервет, им се заканува и затворска казна до 5 години. Обвинителството во Ница им ги одбило барањата за депортација. Останатите 89 биле депортирани назад во Италија на нивен трошок.
- Рома победи 1-2 со головите на двајцата стопери Еван Ндика и Џанлука Манчини.
- Како што беше објавено веднаш по трагедијата, Ливерпул остана на зборот и целосно го исплати преостанатиот дел од договорот на семејството на Диого Жота.
- Португалецот имаше уште две сезони договор со клубот од Енфилд. Потврдата стигна од Арне Слот.
- „Неколку пати повторив колку бев горд на реакцијата на навивачите во тие денови. Сопствениците се претежно оние кои критикуваат, како и тренерите. Но, начинот на кој се справија со целата оваа ситуација... Тие им ги исплатија на сопругата и децата на Диого сите пари од договорот. Можеби луѓето мислат дека тоа е нормално, но тоа не е нормално во фудбалот“, рече тренерот на Ливерпул.
- Ливерпул, исто така, направија нешто што никогаш порано не го направие. Го повлекоа бројот 20 во сите младински категории и во првиот тим.