- Данска е светски шампион откако во големото финале на ракометниот Мундијал ја совлада Хрватска 32:26. Финалето се играше во Осло а Данците по четврти пат по ред, рекордно стануваат светски прваци.
- Репрезентативците на скандинавската земја се жалат и во изјавите рекоа дека биле шокирани од грубиот и насилен пристап на хрватските ракометари кои добија црвен картон и неколку исклучувања.
- Марко Мамиќ агресивно го фаулираше Расмус Лауге и доби црвен картон. Матео Мараш намерно го згазна Матиас Гидсел додека овој лежеше на паркетот.
- Данскиот ракометар Симон Питлик влезе во расправија со хрватските ракометари на теренот а по мечот изјави: „Хрватите тоа може да го прават и користат во Загреб каде судиите беа на нивна страна. Тоа е единствен начин на кој можат да не победат. Не им упали зошто бевме попаметни“.
- Генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев, стана првиот Македонец кој успешно ја заврши престижната Harvard & EFC Executive Leadership Programme (ELP), една од водечките програми за развој на лидери во светот на спортот, под покровителство на Насер Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ и ЕФЦ.
- Ненад е првиот Македонец кој во областа на спортскиот менаџмент достигнува вакво ниво на образование и професионално усовршување на Харвард, една од најпрестижните универзитети во светот.
- Ова достигнување е резултат на неговата посветеност, визија и континуирано вложување во развојот на професионализмот и лидерството во спортот.
- Седлоски по натпреварот објасни зошто се одлучил за таков потег. Едноставна и многу фудбалска причина: Растодер и Ќамили играат стандардно во своите клубови, а додека Миовски и Трајковски не.
- Ако ја погледнеме статистиката на секој од нив четворица, бројките говорат многу. Тука се причината за одлуката на Седлоски.
- Веројатно Седлоски верувал дека на важен натпревар како баражот треба да играат најподготвените играчи. На крајот, тој е селектор и тој го има последниот збор, но и тој прв одговара за постигнатите резултати. Негово право е да истрча со играчите што смета дека се најподготвени и можат физички да одговорат на играта која ја негуваат данските фудбалери.