Дамјан Стојановски 11+11
25 мај 2026
- Дамјан Стојановски испиша нова страница во македонската кошаркарска историја. Стана најтрофеен кошаркар со 11 првенствени титули, сите со МЗТ. Огнен Стојановски и Марјан Ѓуров имаат по 10, Бојан Kрстевски 7.
- Дамјан претходно сезонава стана и најтрофеен кошаркар во Купот на Македонија, каде исто така стигна до 11 трофеи.
- Кошаркарите на МЗТ Скопје остануваат неприкосновен владетел во македонската кошарка со 13 титули, откако го решија Маџари во финалната серија со 3:0. За МВП е прогласен Војдан Стојановски.