- Нема официјална потврда, но грчките медиуми тврдат дека во Панатинаикос се случило нешто многу сериозно. Европскиот шампион кој лани блескаше а годинава игра топло-ладно под водство на Ергин Атаман се наоѓа во голем потрес.
- Наводно Јоанис Папапетру, грчкиот репрезентативец и поранешен играч на Партизан, пред дуелот со Маруси физички го нападнал лидерот на екипата и најзаслужен за европската титула Американецот Кендрик Нан кој подоцна завршил во болница.
- Папапетру е веднаш исфрлен од екипата, суспендиран на неопределно време. Тренерот Ергин Атаман само кратко изјавил дека „Папапетру е отстранет од тимот по колективна одлука заснована на внатрешни правила не по директива од стручниот штаб“.
- После два порази по ред во Евролига, ПАО сега го чека тешка недела и дуели со Барселона во вторник во Атина и со Партизан во четврток во Белград.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.