Червар: Лазаров ја прочитал и добро ја проучил мојата книга
21 јануари 2026
- Лино Червар во интервју за хрватскиот портал Нет го анализираше Европското првенство, а Македонија ја пофали дека играла одбрана како никој до сега.
- „Мојата книга очигледно ја прочитал и Лазаров и добро ја проучил. И тој заедно со еден врвен ракометар, Кузмановски, кој порасна кај мене во Металург, успеа да ја држи на праг на елиминација една Португалија, која вчера славеше против Данска. Да не му паднеше топката од рака двапати, Португалија ќе беше елиминирана“.
- „Тие играа одбрана каква што никој досега не играл, како што предлагам во книгата. Така ги запреа браќата Коста. Македонија играше проактивно. Имаме два начина на проактивна одбрана, со 5-1 од најсовремен тип како што предлагам во книгата и 5-1 од 2003-2004 година, но и таа против Французите минатата година“, вели легендарниот стратег.