Боксерскиот шампион Антони Џошуа преживеал тежок судар во Нигерија со двајца загинати
29 декември 2025
- Некогашниот олимписки првак во бокс од 2012, Британецот Антони Џошуа кој пред само неколку дена боксуваше против Американецот Џејк Пол и го победи, денес доживеал тешка сообраќајна незгода во Нигерија.
- На автопат неговото возило се судрило при голема брзина со товарен кампион. Во несреќата две лица загинале. Антони Џошуа излегол со повреди и набрзо го префрлиле во најблиската болница.
- Судирот се случил на дел од автопатот Лагос-Ибадан во 11 часот по локално време. Џошуа се возел во голем џип Лексус. Тој бил меѓу четири други лица во возилото а неговото обезбедување било во друго возило.
- Џошуа (36) има потекло од градот Сагаму од каде потекнуваат неговите родители. Овој град е во државата Огун во југо-западна Нигерија. Тој како мал дури и одел во школо во местото Икене пред да се врати во Британија кога наполнил 12 години.