- Дваесет и осум годишниот Арон Гордон од Денвер Нагетс доживеал сериозни повреди на лицето и рацете откако бил нападнат и искасан од кучиња.
- Арон Гордн кој во НБА играше за Орландо Меџик а од 2021-ва е во Денвер Нагетс со кого стана шампион минатата сезона, бил шиен со дури 21 конец по раката и лицето а од клубот соопштија дека некое време ќе отсуствува од теренот.
- Арон Гордон играше последен пат против Голден Стејт Вориорс за време на католичкиот Божиќ кога во победата на Денвер Нагетс за 32 минути постигна 16 поени со 10 скока. Тој претходно пропушти четири меча по ред од 26-ти ноември до 1-ви декември поради повреда а од тогаш до сега се појави на 12 меча по ред. Минатото лето Гордон му беше гостин на Јокиќ во српскиот град Суботица.
- Бреша и официјално згасна. Судот во италијанскиот град пресуди дека клубот, основан во 1911 година ќе биде ликвидиран.
- Долгорочните финансиски проблеми се причината за оваа тажна вест која доаѓа од италијанскиот фудбал. Долговите изнесувале околу 20 милиони евра.
- На клубот му биле одземени 8 бода, што довело до испаѓање во Серија Ц, за потоа да не успеат ниту да регистрираат играчи. Бреша остана без лиценца за натпреварување во професионалните лиги на италијанскиот фудбал.
- Бреша е асоцијација за Роберто Баџо, а дресот на овој тим го имаа носено и Пеп Гвардиола, Андреа Пирло, Марио Балотели, Марек Хамшик, Сандро Тонали...
- Еден од најдолготрајните тренери во Премиер лигата, Еди Хау кој од ноември 2021-ва го водеше Њукасл, заминува од „Сент Џејмсис Парк“. Хау е најзаслужен што црно-белите прво опстанаа во Премиер лигата а потоа ги водеше до два пласмани во Лига на шампиони и до првиот освоен трофеј на Њукасл после цели 56 години - Лига Купот во 2025.
- Заминува како резултат на презаситеност на двете страни и не баш сјајна мината сезона. Њукасл минатата сезона не беше константен во Премиер лигата, беше во долниот дел на табелата, го елиминираа од двата Купа а во Лига на шампиони испадна со вкупен резултат 8-2 од Барселона.
- Хау заминува и поради незадоволството од преодниот рок летово. Од екипата заминаа најдобрите и клучни играчи Антони Гордон (Барселона) и Сандро Тонали (Тотенхем).
- На место на Еди Хау доаѓа младиот 38-годишен германски тренер Матијас Јаисле кој беше тренер на австриски Ред Бул Салцбург, Лиферинг и Ал-Ахли.