- Во координирана спасувачка акција со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата вчера попладне изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер на тешко повредено лице од непристапен терен во близина на Ливадичко езеро на Шар Планина.
- Според информациите, лицето имало скршеници на раката, ногата и колкот и имал обилно крварење. Медицинскиот тим на АРМ со помош на хеликоптерот на Армијата интервенирал на непристапниот терен и изврши итна медицинска евакуација. Лицето било успешно извлечено и имобилизирано. Армијата во координација со ЦУК и здравствените установи го предала повреденото лице на екипа од итната медицинска помош, по што било транспортирано на понатамошен болнички третман.
- Лицето било евакуирано со хеликоптер ВИНГ на Армијата и пренесено во болница.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.
- И покрај тоа што беше веќе потврдено дека некогашниот капитен и легенда на Севиља и Реал Мадрид ќе купи мнозински пакет акции во андалузискиот клуб, луѓето од клубот се откажале и ги допратиле до врата. „Договорот е прекршен и пропадна“, така рекол извор од клубот Севиља за последниот состанок меѓу инвестициската група на Серхио Рамос и луѓето од клубот.
- Рамос и неговите партнери претставиле значајни измени на договорот постигнат на 12-ти мај во кој се обврзале дека ќе платат 450 милиони евра, ќе го смалат признатиот јавен долг од 88 милиони евра за 80% од акциите на клубот“, рекол неименуван извор и додал: „Рамос после дојде со нова идеја: да купи околу 30.000 од акциите за 100 милиони евра, а договорот беше да купи 86.000 акции. После ова групата на Рамос предложила да ја зголеми сумата на 120 милиони но за 42% од акциите.
- „Бевме шокирани зошто сакаше да ја купи Севиља за едвај речиси 100 милиони евра, па после да изврши зголемување на капиталот од нешто повеќе од 100 милиони евра и на акционерите да им плати многу помалку. После ова состанокот беше распуштен“.