- Младата екипа на РК Алкалоид на чело со тренерот Кире Лазаров направи голем, историски успех и како клуб со само неколку години постоење покажа дека со успешна работа резултатите се неизбежни.
- Алкалоид стигна до финале на ЕХФ Европскиот Куп откако во полуфинале на чудесен начин на пенали го совлада норвешки Рунар.
- Противник за првиот евро трофеј во клупски витрини ќе им биде силниот АЕК од Атина кој е права мала странска колонија со еден куп интернационалци. Утре (вторник) во 11 часот во Виена на ждрепка ќе се одлучи кој ќе биде домаќин и кога, а кој гостин и кога за двомечот од финалето.
- Се очекува „фармацевтите“ да бидат домаќини во салата „Борис Трајковски“.
- По долги нагаѓања и шпекулации, Евролига конечно пресече и стави крај на сите гласини. Следната сезона најдобрата европска кошаркарска лига ќе има 20 учесници наместо досегашните 18. Меѓу нив и Партизан и Црвена звезда кои ќе добијат тригодишна сигурна лиценца за учество за која ќе треба да платат по 750.000 евра по сезона, односно вкупно 2.250.000 евра.
- И натаму се чека официјална потврда од челниците а на неодамнешниот состанок во Абу Даби е решено ист договор да добијат уште и Виртус Болоња, Париз и Валенсија, а на една година да добие израелски Хапоел Тел Авив. Монако извесно ќе добие евро-лиценца на 10 години.
- Од следната сезона учесник ќе биде и дебитантот Дубаи кој сезонава игра и во јадранската АБА лига.
- Со шест шампионски скудета (пет со Јувентус и едно со Милан), со пет Купа на Италија и со три Суперкупа на Италија, Масимилијано Алегри е еден од најтрофејните италијански стручњаци.
- Алегри го водеше Милан од 2010 до 2014 година и им го донесе долго чеканото скудето. После замина во Јувентус каде во два мандати помина 8 сезони.
- Росонерите имаа сезона за заборав со очајни резултати и не се пласираа во ниту еден еврокуп за следната сезона. Тоа е една од најслабите години за Милан чии навивачи влегоа во војна со управата и бараат да си одат и сопственикот Гери Кардинале како и извршниот директор Златан Ибрахимовиќ. Навивачите бараат нови сопственици и целосно нова управа и спортски сектор. Алегри од ваков просечен тим тешко да направи нешто.