- Во пресрет на вечерашниот дуел од 1. коло во новата сезона во Лига Европа меѓу Ница и Рома, француската полиција уапсила 102 лица, навивачи на италијанскиот тим кај кои бил пронајден огромен арсенал студени оружја.
- Хулиганите со себе носеле: метални шипки, боксирачи, ножеви, чекани, панцири, димни бомби, солзавци и други оружја биле спремни да нападнат навивачи на Ница во самиот град.
- Со навремена реакција на полицијата приведени се повеќе од 100 лица кои сега ги чека пријава и најверојатно судење.
- Возачот на Мерцедес, Италијанецот Кими Антонели (19) е победник на трката за Големата награда на Јапонија, трета овосезонска трка од шампионатот Формула 1.
- Младиот Италијанец роден во Болоња, на легендарната патека „Сузука“ ја прослави втората победа по ред откако славеше на претходната трка во Кина. Антонели победи со десетина секунди предност во однос на Оскар Пјастри од Мекларен, а на трето место заврши Шарл Леклер од Ферари.
- Антонели сега стана најмлад лидер во историјата на Ф1, на возраст од само 19 години и 216 дена. Претходниот рекорд го држеше Луис Хамилтон од Ферари кој во 2007-ма како возач на Мекларен беше прв во генералниот пласман на само 22 години и 126 дена. Тогаш на крајот од сезоната Хамилтон заврши втор но од 2008-ма ја започна трофејната берба.
- Трката во Јапонија ја одбележа тежок и страшен судар на возачот на Хас, Оливер Берман. Младиот Британец изгуби контрола над болидот и излета од патеката, прелета неколку метри и удри во заштитната ограда. За среќа возачот на Хас минал без посериозни повреди.
- Турските медиуми објавија голем скандал со претседател на македонски прволигаш, вмешан во криумчарење на злато.
- Лицето Б.Х. било уапсено од страна на полицијата на патот меѓу градовите Батман и Сиирт на 24 март.
- Полицијата во возилото на претседателот на екипата од Првата македонска фудбалска лига открила злато со тежина од два килограми и 581 грам, кое е проценето на 300.000 евра.