Во минатото сме прикажале повеќе моќни забивања, но Роско Џонсон од Харлем Визардс ја подигна границата. Забивање повеќе не се дефинира како монструозно забивање ако целиот кош не го направиш лом.
Вибрадо е ракав кој ги детектира движењата на раката и на кошаркарите преку звучни и вибрирачки сигнали, како и мобилна апликација им кажува каде грешат при шутирање. Ракавов во комбинација со овој баскет и стануваме шампиони на Евробаскет во Украина.
Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа далеку под своите можности во втората рунда од новата сезона во регионалното кошаркарско натпреварување. Екипата на Шолнок заслужено стигна до триумф од 81:69.
Првиот Македонец во НБА лигата, Перо Антиќ го имаше своето деби за Атланта Хокс. Поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија одигра 15 минути на првиот претсезонски натпревар и тоа против шампионот Мајами.
Маестрален премиерен меч за кошаркарите на МЗТ Скопје во новата сезона од АБА лигата. Словенечкиот шампион Унион Олимпија беше тотално надигран во текот на целиот натпревар од шампионот на Македонија кој оствари висок триумф од 79:60.
На интернет се појави бесценета снимка стара 7 години од Мајкл Џордан на 43 години (3 години по заминување во пензија) како му одржува кошаркарска лекција на тогашниот најперспективен средношколец во САД, а моментално член на Милвоки Бакс, О-Џеј Мејо.
Актуелниот македонскиот шампион МЗТ Скопје ја започнува јадранската авантура во која е учесник втора година по ред. На стартот од новата сезона во салата „Борис Трајковски" „Металците" се домаќини на Унион Олимппија предводена од нивниот довчерашен тренер Алеш Пипан.
Челниците на НБА лигата најверојатно ќе направат промена на традиционалниот формат на финалната серија и ќе го вратат 2-2-1-1-1 форматот како и во сите останати рунди од плејоф серијата.
Немаме информации кој е пациентов кој се обиде дури 4 пати да постигне кош под сопствениот обрач, но можно е да се работи за пијана работа во некоја колеџ лига.
На денешен ден на Олимписките игри во Сиднеј, 198 сантиметри високиот Винс Картер го изведе едно од најлудите забивања преку Фредерик Вајс кој е висок 218 сантиметри.
На Европското кошаркарско првенство во Словенија видовме премногу добри акции, забивања, додавања и блокади, а ова се најдобрите 10 од нив според ФИБА Европа.
Секое дете кое барем еднаш фатило баскет во рака сонува да игра во НБА лигата, но реалноста и бројките велат дека дури и да играш кошарка во средно училиште во САД, шансите да стигнеш до НБА ти се 0,03%.
Не сме само ние импресионирани од Американецот кој го дава максимумот во дресот на Македонија. Поранешниот репрезентативец на Велика Британија, Флиндер Бојд пишува за нацијата која му се поклонува на Лестер Бо Мекејлеб - The God Of Macedonia.
За најкорисен играч на Европското кошаркарско првенство во Словенија е прогласен предводникот на новиот шампион, Тони Паркер, а тој се најде и во идеалната петорка на натпреварувањето.
Кошаркарската репрезентација на Франција ја растури Литванија во финалето на 38-то издание на Европското првенство и за прв пат во историјата ја освои европската круна.
Репрезентацијата на Франција во драматичен натпревар по едно продолжение ја победи Шпанија, а Литванија беше поуспешна од Хрватска во полуфиналните натпревари и овие две селекции си закажаа дуел во финалето на Европското кошаркарско првенство.
Хрватска ја совлада Украина со 84:72, а Литванија ја победи Италија со 81:77 со што овие две селекции си закажаа меѓусебен дуел во полуфиналето на Европбаскетот. Ова се најдобрите потези од нивните четвртфинални натпревари.
Со вечерашните два четвртфинални дуели ќе ја добиеме и втората полуфинална двојка од каде ќе започне борбата за медали на Евробаскетот во Словенија. „Коцкестите“ се фаворити на дуелот против Украина, а поголема неизвесност се очекува на средбата Литванија-Италија.
По првите четврфиналиња Шпанија ја декласираше Србија, а Франција го елиминираше домаќинот Словенија и си закажаа дуел во полуфиналето. Ова се најдобрите потези од вчерашните четвртфинални натпревари.
Исто како што во Македонија имаше наплив од Касандри, а сега и девојчиња со име Хурем според ликови од актуелни серии, во САД по инвазијата на „Шекиловци", следува наплив од деца крстени по Коби Брајант.
Европскиот кошаркарски шампионат во Словенија вечерва ќе ги добие првите два полуфиналисти. Кошаркарите на Душан Ивковиќ во четвртфиналната фаза ќе се соочат со бранителот на титулата, а домаќинот Словенија е на мегдан против вицешампионот.