Кошарка

Коби се врати по 10 месеци, Лејкерс поразени

Во Стејплс Центарот во Лос Анџелес, Голден Стејт им одржа лекција на „езерџиите" во подготвителниот натпревар, а добра вечер имаше и Детроит Пистонс против Милвоки Бакс. Играчите што играа на светското во Шпанија останале во добра форма.

Војдан Стојановски се радуваше против НБА шампионот

Кошаркарите на Алба со кош во последните мигови од средбата направија сензација против Сан Антонио Спарс во полната „О2 арена“ во Берлин каде настапи и македонскиот репрезентативец.

Првиот пик на драфтот со 18 поени за Минесота

Меѓу осумте пријателски средби доцна вчера се играа и два НБА класици. Вориорс подобри од Клиперс, Хјустон од Далас во тексашкото дерби. Првиот пик на драфтот, Ендрју Вигинс почна да ги оправдува очекувањата уште на подготвителните натпревари.

МЗТ со победа дебитираше во „Јане Сандански“

По поразот во првото коло од Мега Визура, „металците" вечерва го славеа првиот триумф во новата сала. Александар Цветковиќ и Георги Цинцадѕе најзаслужни за победата против Задар 72:58.

Избегната тепачка меѓу Пол Пирс и Јоаким Ноа

Немаше никакво забивање, имаше груб фаул по кој реагираше Ноа кој за малку не се фати во клинч со Пол Пирс кој му брцна со прст во око. А натпреварот меѓу Булс и Визардс требаше да биде пријателски.

Славните прекари во НБА лигата

Играчите кои ја прославија најдобрата кошаркарска лига на светот, најчесто ги препознаваме по нивните прекари кои ги добија за време на активните кариери. Потеклото на нивните прекари има чудни корени.

Штрковите поразени на отворањето на АБА

МЗТ Скопје не успеа и по трет пат со победа да ја почне сезоната во Јадранската АБА лига, откако вечерва после продолженијата загуби од Мега Визура 103:95 (84:78).

Фемили Аеродром и Сити Парк Бојс го обоија Скопје

Сјајот на големото градско дерби кое ќе го гледаме годинава во македонската кошарка, го најавија двете навивачки групи кои деновиве се натпреваруваат кој ќе направи повпечатлив графит. Навивачите на МЗТ ја потенцираа препознатливата боја на клубот, а оние на Работнички се инспирираа од скеч на К-15.

Две топ 10-ки од Мундијалот во Шпанија

ФИБА направи две топ листи од Светското првенство во кошарка. На првата ќе може да се потсетите на најдобрите забивања каде на прво место е Србинот Никола Калиниќ, додека за најатрактивен поен е прогласен шутот за три поени на Турчинот Емир Прелиџ.

НБА лигата не знае за криза

Според истражувањето на IEG, компанија специјализирана за спонзорства, најсилната кошаркарска лига во светот за една година остварила приходи од 5,7% со вкупна сума од 679 милиони долари.

Скриениот адут на Атланта е Перо Антиќ

Американскиот портал Бличер репорт направи листа со по еден играч во сенка кој може да биде клучен за својот тим во новата сезона во НБА лигата. Ветеранот Винс Картер е посочен кај Мемфис, а Хрватот и дебитант Бојан Богдановиќ во Бруклин Нетс.

Новицки: Перфектниот шут

Лидерот на Маверикс кој од 2001 година има испуштено само еден Ол стар викенд, замина во Германија за да го проследи документарецот за неговата кариера во кој се појавуваат Барак Обама и Коби Брајант.

Европејците од НБА се враќаат во репрезентација

Откако го пропуштија Светското првенство во Шпанија, најголемите кошаркарски ѕвезди од Европа, ќе се обидат да обезбедат пласман на ОИ во Рио преку континенталниот шампионат следната година.

Моментите кои ја одбележаа светската кошарка во Шпанија

САД повторно се качија на врвот, Кајри Ирвинг се докажа и на интернационално ниво, Ѓорѓевиќ правеше чуда со Србија и Коле со Франција без ѕвездите во тимот, а Шпанија повторно разочара, овојпат на домашен паркет.

САД убедливо до одбрана на златото

Кошаркарите на САД го освоија 17. издание на Мундијалите, откако вечерва супериорно ја совладаа Србија 129:92 и на тој начин ја одбранија титулата освоена пред 4 години во Турција.

Венсан Коле како Наполеон после победата над Шпанија

Француската репрезентација на светското првенство дојде прилично ослабена, но и покрај тоа втора година по ред ѝ застанаа на патот на Шпанија.

Французите ја замолкнаа Шпанија

Се сруши планот на домаќинот на СП во финалето да игра против САД, а за тоа се погрижија триколорите кои со 65:52 ја совладаа Шпанија среде Мадрид.

Богдан од паркинг

Во триумфот на Србија над Бразил во 1/4 финалето од СП, освен Милош Теодосиќ свој ден имаше и играчот на Фенербахче, Богдан Богдановиќ.

Бразил декласиран, Србија во полуфиналето

По Литванија и САД, репрезентацијата на Србија е третиот полуфиналист на СП во Шпанија, откако вечерва со 24 разлика им се одмазди на кариоките за поразот во групната фаза.

Oдисејата на Колинс и бегството од обрачите

Воениот конфликт кој ја зафати Украина влијаеше и на спортот во оваа земја, така што многу професионални спортисти беа принудени да бараат чаре на друго место.

Никола Калиниќ со цела сила

Дуелот од 1/8 финалето на СП во Шпанија меѓу Србија и Грција донесе и „безобразно“ забивање од страна на српскиот репрезентативец, кој го залепи Гркот Бурусис за постер.

Србите обезбедија 1/4 финале на убедлив начин

Репрезентацијата на Србија е шестиот четвртфиналист на Светското првенство, откако вечерва со 90:72  ја совлада Грција. 

Валанчунас ја извади Литванија

Со победата над Нов Зеланд (76:71), кошаркарите на Литванија се пласираа во 1/8 финалето на Светскиот куп во Шпанија.

Словенецот Драгиќ ја обвини Австралија дека мести

Плејмејкерот на словенечката репрезентација е разочаран од развојот на настаните во групата Д и ја обвини Австралија дека намерно загубила од Ангола.