Со одлична тимска игра, предводени од Милош Теодосиќ кој постигна 23 поени, Србите по Грција, неочекувано лесно го совладаа и Бразил со 84:56 и подоцна вечерва ќе го добијат противникот во полуфиналето.
Уште од самиот почеток, избраниците на Саша Џорџевиќ го наметнаа својот стил на игра и после првите две четвртини на полувремето заминаа со предност од пет поени (37:32). Стартот на вториот дел донесе уште поубедлива предност за српските кошаркари, кои играа добра одбрана против Варежао и Тијаго Сплитер, играчи кои беа најзаслужни за триумфот на Бразил во групната фаза.
„Селекао“ се држеше сè до средината на третата четвртина, кога се случи одлучувачкиот момент. При водство на Србија 43:34, по фаулот врз Радуљица, Бразилците бурно протестираа по што добија две технички грешки кои „орлите“ одлично ги искористија и се одлепија на 20 поени позитива, која што ја одржуваа до крајот.
„Не би се сложил дека ова беше мој, туку ова беше наш натпревар. Мислам дека победивме поради тимската игра. Погледнете само колку скокови има Бјелица, каква одбрана играше Марковиќ, како во нападот изигра Богдановиќ“, изјави Милош Теодосиќ, најдобриот поединец на мечот.
1/4 ФИНАЛЕ 2. ден, РЕЗУЛТАТИ:
СРБИЈА - ФРАНЦИЈА 84:56
/Теодосиќ 23п 3ск 4ас, Богдановиќ 12п 6ас - Варежао 12п 9ск, Виеира 12п/
ФРАНЦИЈА - ШПАНИЈА 22:00
1/2 финале (петок)
САД - ЛИТВАНИЈА
СРБИЈА - ШПАНИЈА/ФРАНЦИЈА