Кошаркарите на Франција и Србија ја сочинуваат втората полуфинална двојка на 17. Светско првенство, откако Литванија и САД претходно обезбедија пласман во борбата за финале.
Втор пат после речиси една година по триумфот на ЕП во Словенија, „галските петли“ ѝ нанесоа тежок пораз на фуријата. Овој пат тоа го сторија пред 16 илјади шпански навивачи, кои веруваа во големо финале против САД. Шпанците очигледно не можеа да го поднесат големиот притисок како на ЕП во 2007. година кога на домашен терен загубија во финалето од Русија.
Томас Ертел е јунак на Французите, затоа што ја постигна клучната тројка и нанижа седум поени при водството на Шпанија 55:52 во последните 4 минути од натпреварот. Борис Дијао уште еднаш одигра одличен натпревар и на своето конто запиша 15 поени и 5 скока. Него успешно го следеа Желабал со 9 и Ертел со 13 постигнати коша.
Кај поразената Шпанија, Пау Гасол мечот го заврши со 17 поени и 8 скока, но за разлика од претходните средби, овој пат немаше поддршка од својот брат, ниту од надворешната линија на „фуријата“. Наваро уфрли за него скромни 10 поени, а под просекот беа уште и Фернандез со 6 и Рики Рубио со 4 коша.
За пласман во финалето, Франција ќе игра против Србија во петок од 22:00. Истата вечер, Литванија и САД ќе ги вкрстат копјата во дуелот во кој дрим тимот е голем фаворит.
Резултати 1/4 ФИНАЛЕ:
ФРАНЦИЈА - ШПАНИЈА 65:52
/Дијао 15п 5 ск 4ас, Ертел 13п 4ск, Желабал 9п 5ск - Пау Гасол 17п 8ск, Наваро 10п/