Еден од најдобрите играчи на литванската репрезентација, центарот Јонас Валанчиунас успеа да ја одбрани фаворитската улога на неговата селекција, иако малку фалеше Нов Зеланд да го добие натпреварот.
Пред крајот на третата четвртина делуваше дека Литванија е сигурен патник во следната рунда, но за само пет минути со серија од 19:4, Нов Зеланд стигна до водство од еден поен (59:58).
Во тие моменти, како и во досегашниот тек на Мундијалот, Кори Вепстер погодуваше кога е најпотребно, овојпат три тројки во серија. Литванците никако не можеа да го погодат кошот, па решија да го разбудат Јонас Валанчиунас кој го реши натпреварот. Младиот Валанчиунас на крајот имаше 22 поени и дури 13 скокови, а со играта во одбраната придонесе за триумфот.
За пласман во полуфиналето, репрезентацијата домаќин на Европското првенство во 2012 година, ќе игра против подобриот од дуелот Турција - Австралија.
РЕЗУЛТАТИ 1/8 ФИНАЛЕ:
НОВ ЗЕЛАНД - ЛИТВАНИЈА 76:71
/Валанчиунас 22п, 13ск, Поциус 11п - Вепстер 26п/
СРБИЈА - ГРЦИЈА 18:00
ТУРЦИЈА - АВСТРАЛИЈА 20:00
БРАЗИЛ - АРГЕНТИНА 22:00