Иако во групната фаза одиграа со максимални пет победи како САД и Шпанија, Грците немаа доволно сили да режираат исто сценарио и во 1/8 финалето каде Србија се покажа како подобар противник.
Со одлична игра во одбраната и агресивно во нападот, Србите ги скротија хелените благодарение на Богдан Богдановиќ кој постигна 21 кош, на кои додаде и 4 асистенции. По успешниот прв дел во кој на паузата заминаа со 5 поени предност, репрезентативците на Србија нагазија кон крајот на третата и средината на четвртата четвртина во која имаа 20 поени позитива.
Избраниците на Александар Џорџевиќ подоцна вечерва ќе го дознаат противникот во следната рунда, во која веќе се пласираа Шпанија, САД, Литванија, Словенија и Франција. Можен противник на „сините“ е Бразил или Аргентина, кои во меѓусебниот дуел го почнуваат вечерва од 22:00 часот.
1/8 ФИНАЛЕ:
СРБИЈА - ГРЦИЈА 90 - 72
/Богдановиќ 21п, Радуљица 16п 6ск, Калиниќ 12п - Калатес 14п 4ск, Зисис 12п , Принтезис 12п 4ск