„Сега гледам зошто изгубивме 16 натпревари. Меки сме како тоалетна хартија. Не работите ништо идиоти", им викаше капитенот на Лејкерс на соиграчите на вчерашниот тренинг.
Кошаркарите на ГС Вориорс продолжија со одличните игри и по триумфот над Хјустон 105:93, ја забележаа и 14. победа по ред. Њујорк Никс во криза, Кармело се скара со Хардавеј Јуниор. Екипата на Антиќ, во моментов има скор 15:6 и само една победа ја дели од првото место на Истокот.
Во најдобрата кошаркарска лига на светот синоќа имаше атрактивни забивања, асистенции и банани, а дел од актерите беа Коби Брајант, Кајл Лаури, Рони Прајс, Руди Џексон и Мајлс Пламли.
Беа споредувани како Пеле vs Марадона, Меси vs Роналдо, но во нивната споредба како да немаше тензија. За Мајкл Џордан се вели дека е најдобар кошаркар на сите времиња, а Коби Брајант барал совети од него.
Со гостинските победи против Индијата и Бруклин, кошаркарите на Атланта и Кливленд врзаа седма победа во низа. Херој на синоќешните натпревари беше Блејк Грифин со 45 поени, а емотивен натпревар имаше Џон Вол.
На денешната ждрепка во Париз, македонската кошаркарска репрезентација доби посакувани противници, а натпреварите од групната фаза на Еврошампионатот ќе ги игра во Загреб.
Кошаркарите на Атланта Хокс ја продолжуваат одличната форма во НБА лигата, а со вечерашниот триумф од 96:84 против Нагетси стигнаа до шестото славје по ред.
Кошаркарите на Сан Антонио му ја прекинаа извонредната серија на Мемфис од 22 победи во низа на домашен терен, благодарение на одличниот Тим Данкан кој стигна до осмиот трипл-дабл во кариерата. Шарлот со звукот на сирената триумфираше над Њујорк.
Тренерот на ЛА Лејкерс, Бајрон Скот изјави дека примарна цел сезонава му е да го натера Коби Брајант и понатаму да игра кошарка и да не се пензионира кога ќе му истече договорот, изјава на која Коби остана рамнодушен.
По црната серија без победа, Сиксерси го запишаа првиот триумф сезонава, во Минеаполис против Минесота 85:77. Атланта на Антиќ го скроти и шампионот Мајами 112:102 на гости, а повторно доминираше Лоури од Торонто со 39 коша.
Маверикси славеа во Чикаго 132:129 после вистински маратон и две продолженија, а во најнеизвесниот дуел, Голден Стејт го победи Орландо Меџик 98:97. Антиќ имаше 10 коша во пресвртот на Атланта над Бостон 109:105, а Кевин Дурант се врати по месец дена и даде 27 коша.
Перо Антиќ беше единствениот играч кај Хокси кој не влезе во игра, но неговиот тим врза две победи по ред. Рукито на Сиксерси го оствари првиот трипл – дабл оваа сезона во НБА лигата, но ни тоа не помогна за да ја спречи ужасната серија.
Во 10. коло од АБА лигата, „штрковите" се држеа само едно полувреме, по што домаќинот славеше 69:56. Лучиќ со 17 и Цветковиќ со 13 коша најефикасни кај аеродромци, кои во следното коло го дочекуваат Левски од Софија.
Филаделфија игра најлоша НБА сезона во клупската историја, откако синоќа 76'-ките поразени излегоа и на 15. натпревар по ред. Спарси славеа и без тренерот Грег Поповиќ, кој побара медицинска помош.
Атланта Хокс синоќа го освои Вашингтон, а израмнување во последните секунди од првото полувреме спречи нашиот центар кој го залепи плејмејкерот Бил Бредли. Најатрактивните забивања ги направија кошаркарите на Детроит и Денвер.
По триумфот против Пистонси, кошаркарите на Атланта Хокс победија и во главниот град со што по 12 средби во НБА лигата сега имаат скор од седум победи и пет порази.
Навивачите на Галатасарај упорно повикуваат на нови убиства по социјалните мрежи, по што во седиштето на Евролигата во Барселона се состанаа Жорди Бартомеу, Мурат Озјер и Давор Ристовиќ, кои уште еднаш побараа насилството да не се меша во кошарката.
Каил Лоури е царот на синоќешните натпревари од НБА лигата. Кошаркарот на Торонто Рапторс загуби топка, потоа ја изблокира, ја украде и на крај асистираше.
Сите кошаркарски натпревари во турското првенство викендов започнаа со една минутa молк во знак на почит кон убиениот навивач на Црвена Звезда. Договорот го испочитуваа сите, освен оние кои се највиновни за трагичниот настан. Тренерот Ергин Атаман се обиде да ги смири во еден момент, но срамните свирежи од трибините не престанаа.
Кошаркарите на македонскиот првак за прв пат сезонава победија на гости во натпревар од АБА лигата, против Игокеа убедливи 76:61. Најзаслужен за триумфот беше Дамјан Стојановски со 20 коша.
По трагичниот настан вчера вечер во Истанбул, каде навивач на Црвена Звезда беше прободен со нож во срцето, се огласија повеќе страни, меѓу кои и турскиот премиер, како и СД Галатасарај. Делиите попладнево нема да навиваат на фудбалскиот меч меѓу Раднички КГ и Црвена Звезда.