Далас победи по глупиот фаул, десетка за Перо

Маверикси славеа во Чикаго 132:129 после вистински маратон и две продолженија, а во најнеизвесниот дуел, Голден Стејт го победи Орландо Меџик 98:97. Антиќ имаше 10 коша во пресвртот на Атланта над Бостон 109:105, а Кевин Дурант се врати по месец дена и даде 27 коша.

По нерешениот резултат во регуларниот дел меѓу Чикаго и Далас, Дерик Роуз погоди тројка во последната секунда од првото продолжение по што се играше и второ продолжение.

Булси имаа три коша предност на секунда пред крајот, но Кирк Хајнрих направи непромислен потег и го фаулираше Монта Елис во обидот да шутне за три поени. Елис ги искористи трите слободни и мечот го доби Далас 132:129.

Монта Елис со 38 коша беше најефикасен кај Маверикс. Новицки имаше 22 поени, 10 асистенции и 7 скокови. Кај Булси, Пау Гасол запиша 29 поени и 14 скокови.

„Во мојата 17-годишна НБА кариера не сум видел поглуп фаул“, констатираше Новицки после победата на неговиот тим.

И покрај одличната партија на големото трио Леброн, Ирвинг, Лав, најзаслужен за триумфот на Кавси против Милвоки Бакс 111:108 беше Мајк Милер со две клучни тројки, 7 скокови и важна банана во вториот дел.

Триото постигна 81 поен, Леброн уфрли 26 коша со 10 асистенции, Кари Ирвинг 28, а Кевин Лав 27 поени и 10 скока. Кај Бакс најефикасни Брендон Најт со 27 коша, 8 ас. и 6 скокови. Рукито Џабари Паркер стигна до рекорд во професионалната кариера со 22 поени со 8 скокови.

Кајри Ирвинг со атрактивно положување

По пауза од месец и половина, МВП на минатата сезона, Кевин Дурант се врати на паркетот и даде 27 поени, недоволни Оклахома да избегне пораз од Њу Орлеанс 112:104. Дурант ќе може да потврди дека е во форма за пет дена, кога Оклахома ќе игра против Филаделфија.

Серж Ибака го залепи Ентони Дејвис од Њу Орлеанс, по што Дурант погоди тројка од контра

Најнеизвесен дуел одиграа Голден Стејт и Орландо Меџик. Со тројката на Стефон Кари на 2 секунди пред крајот, Вориорс ја забележи и десеттата победа по ред, овојпат против Меџик 98:97. Кари го заврши натпреварот со 22 коша, а Клеј Томпсон имаше 20. Во Орландо, Виктор Оладипо одигра фантастична вечер со 27 поени (10/14).

Решавачката тројка на Кари, со која Голден Стејт го победи Орландо

Со кош во последна секунда победи и Портланд против Денвер Нагетс 105:103. Брук Лопез искористи една топка под кошот и му донесе нов триумф на Портланд. Рекорд на сезоната имаше плејот на Портланд, ЛаМаркус Олдриџ со 39 поени.

На крилјата на Кајл Лоури, Торонто го победи Сакраменто 117:109 по што Рептилите уште го предводат Истокот. Бекот на Репторс запиша 27 коша и дури 13 асистенции.

Колисон не може да пројде покрај Лоури

Атланта и Перо Антиќ повторно одиграа одлична последна четвртина и го совладаа Бостон после пресрврт 109:105. Тоа беше петти пораз за Селтикси по ред, а трета победа за Хокси во серија пред гостувањето кај шампионот Мајами.

Кај победникот, Кајл Корвер уфрли 24 коша, од кои 6 од 7 за три поени и само едно промашување од игра. Пол Милсап имаше 19 коша, а Перо Антиќ најмногу сезонава, 10 поени (2/4 за три, 1/2 за два, 2/2 за слободни фрлања). Во тимот на Селтик, Раџон Рондо имаше дабл-дабл учинок со 19 асистенции и 10 скокови.

Словенецот Горан Драгиќ ја одигра најдобрата партија откако е во НБА. Постигна 39 коша во победата на неговиот Феникс против Индијана Пејсерс 116:99. Веднаш до него, Ерик Бледсо со 27 поени и 7 асистенции.



НБА Резултати:

Атланта – Бостон 109-105
Кливленд – Милвоки 111-108
Детроит – Л.А. лејкерс 96-106
Њујорк – Бруклин 93-98
Чикаго – Далас 129-132 (после продолженија)
Њу Орлеанс – Оклахома 112-104
Денвер – Портланд 103-105
Сакраменто – Торонто 109-117
Голден стејт – Орландо 98-97