Антиќ славеше во Вашингтон

По триумфот против Пистонси, кошаркарите на Атланта Хокс победија и во главниот град со што по 12 средби во НБА лигата сега имаат скор од седум победи и пет порази.

Атланта и Вашингтон одиграа три неизвесни четвртини, а прашањето за победникот беше решено во последниот период благодарение на Мајк Скот и Шелвин Мек кои заедно направија серија од 16:0.

Иако добија минутажа на половина натпревар тие беа најзаслужни за триумфот на Јастребите кој победија со 107:102. Најпрецизен кај гостинскиот тим  беше Џеф Тиг со 28 поени, додека Пол Милсеп додаде 17 поени и 11 скокови.

Перо Антиќ одигра 18 минути и постигна 5 поени (1/2 за три поени и 1/3 за два) и направи една асистенција, а кај Визардси се истакна Џон Вол со 21 поен и 13 асистенции.

Вечерва Хокси го пречекуваат лидерот на Источната конференција, Торонто Рапторс.

РЕЗУЛТАТИ:

Мајами – Голден стејт 97-114
Милвоки – Детроит 98-86
Њу Орлеанс – Сакраменто 89-99
Денвер – Чикаго 114-109

26 ноември 2014 - 10:23