Кошарка

Голден Стејт Вориорс се врати на тронот во НБА лигата

По пауза од една година тимот на Стив Кер повторно го освои шампионскиот прстен во најквалитетната кошаркарска лига во светот, вкупни петти во нивната историја. Вориорси се шампиони во 1947-ма, 1956-та, 1975-та, 2015-та и 2017-та година.

Кошаркарската интелигенција на Леброн

Имаме два идентични напади на Кливленд по ред на четвртиот финален натпревар од НБА лигата. Во првиот напад Леброн Џејмс е посматрач и одма влече поука и наоѓа начин како потоа да го измами Кари за да не ја украде топката по втор пат.

Не е крај, Кливленд се крена од пепелот

Кошаркарите на Кливленд намалија на 3-1 во финалето на НБА и сега одново се поставува прашањето ќе му се случи ли крах на Голден Стејт кој лани исто испушти водство од 3-1?

Моментот кога Мајкл Џордан лебдеше во воздух

Сите беа убедени дека ќе ја куца, ама никогаш не знаеш со него на што си. Ова е еден од потезите кои се симбол на играта на незаменливиот Ем Џеј и кој долго време беше на најавните шпици. Зборуваме за вториот финален натпревар меѓу Чикаго и Лејкерски одигран пред 26 години. Безвременски потег.

Кариерата на Дражен Петровиќ во 16 факти

Ако треба да се даде опис за тоа каков кошаркар беше, ќе му го препуштиме тоа на Тони Кукоч кој за него изјави: Ако играш со него, ризикуваш да пропуштиш нешто. Подобро беше да го гледаш од страна.

Леброн и Ирвинг блеснаа, но Вориорси водат 3:0

Кошаркарите на Голден Стејт се на чекор до освојувањето на шампионската титула во НБА лигата откако го добија и третиот меч во финалната серија, овој пат на гости против Кливленд.

Како Кари си поигра со Леброн Џејмс

Голден Стејт е толку јак што и тренерот на Кливленд Тајрон Лу пред некој ден изјави дека не видел нешто такво во кариерата. Незадржливи се, особено Стеф Кари.

Трипл-дабл на Кари, Голден Стејт страшен

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го победија Кливленд Кавалирс со 132:113 и поведоа со 2-0 во серијата против бранителот на титулата во финалето на НБА за кој Леброн оствари осми трипл-дабл во финални дуели во кариерата.

Голден Стејт го прегази Кливленд за 1:0 во серијата

Предводени од Кевин Дурент и Стефон Кари, Вориорси лесно се справија со Леброн и Кливленд и славеа 113:91 во првиот натпревар од финалето на НБА.

Најдоброто од Леброн сезонава и низ годините

Неверојатниот Џејмс ноќта во четврток кон петок ќе го игра своето осмо финале во последните единаесет години. Апсолутната доминација во последната деценија сезонава ја надополни со нови неверојатни потези.

Кралот Џејмс - човекот со 8 финалиња во 11 години

Доминација како оние на Бостон во ’60-те и ’80-те, Шоутајмот на Лејкерс, Булс на Џордан и Сан Антонио Спарс на Грег Поповиќ, со тоа што Леброн Џејмс е првата индивидуална династија во НБА.

Турција издаде налог за апсење на НБА ѕвездата Енес Кантер

Откако го задржаа на романскиот аеродром каде констатирале дека пасошот му бил избришан од турските власти, Енес Картен сега се води како дел од терористичка група и за него е распишана потерница.

Спиеш ли мирно Блажевски Перо?

Уругваецот ја заврши сезоната со 49 гола на 49 натпревари па реши да фрли и некој баскет, чисто да се запише ама му тргна и се заборави.

Тројката на Леброн која го сруши рекордот на Џордан

Кливленд и Голден Стејт трета година по ред ќе играат во финалето на НБА, откако Кавалирс синоќа го совладаа Бостон во финалето на Истокот. Леброн Џејмс на почетокот од третиот период погоди тројка со која стигна до цифра од 5.995 поени во плејофот со која го надмина легендарниот Мајкл Џордан кој во плејоф кариерата даде 5.987.

Саатници за финалето во НБА по наше време

Кулминацијата во НБА дојде до точка на топење: Раководството на лигата ги соопшти датумите за финалните средби кои започнуваат од 1. јуни и во кои Стефон Кари и Дурент го чекаат подобриот од дуелот Кливленд - Бостон на Истокот.

Како запеа коментаторот на Спортклуб среде пренос

На три минути до крајот од големото финале на Евролига, Фенербахче имаше 18 поени предност што го натера хрватскиот коментатор на Спортклуб да го запее хитот на Џо Марачиќ - „Довидување и не плачи“.

Ердоган му се јави на Жељко Обрадовиќ во соблекувална

Најдобриот тренер во историјата на европската кошарка се закити со уште едно злато во Евролигата - вкупно деветта во кариерата. Во Истанбул веќе го доживуваат како боженство, му донесе на Фенербахче прва титула, па му се јави и претседателот на Турција и молк во соблекувалната.

Перо Антиќ го ишиша Датоме

Македонецот кој стигна до третата европска шампионска титула во кариерата, со претходен договор му ја исече пунџата на неверојатниот Џиџи Датоме, откако Фенер а и Италијанецот првпат ја освоија Евролигата синоќа со победа во финалето против Олимпијакос 80-64.

Омразата меѓу Ердоган и турската ѕвезда од НБА

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган му го суспендирал пасошот на кошаркарот на Оклахома Тандер којшто синоќа бил задржан на аеродром во Романија поради неважечки документи.

Најмотивирачки говор во сезоната за чудесна победа

Минатиот викенд меѓу себе играа екипа која најсериозно конкурира да влезе во елитната Бундеслига и екипа на која ѝ гори под нозе и е пред испаѓање. На крајот давителот Арминија Билефелд со 6:0 го прегази фаворитот Брауншвајг за најголемо изненадување на сезоната во Германија. А целата работа е по заслуга на тренерот Џеф Саибене.

Момент на денот во НБА

На првиот меч од финалето на Западот, Сан Антонио испушти предност од цели 25 поени и на крајот славеше Голден Стејт со 113:111. Стефон Кари одигра чудесно со 40 поени и седум скокови, а го имаше и моментот на мечот кога ја реши партијата на 9 секунди пред крајот.

Перо Антиќ сонува трета европска титула

Од 19. до 21. мај Антиќ пред домашната публика во Истанбул ќе се обиде по трет пат во кариерата да стане шампион на Европа и да влезе на вечната листа кошаркари со ваков успех. За тоа ќе треба да мине тежок пат.