На неколку дена пред почетокот на Светското првенство 2019, трофејниот тренер Дејвид Блат ја шокираше јавноста со отворено признание за болеста која што ја има.
Го носеше нивниот дрес во сезоната 2008/2009. Тие што седат на клупа се од негова, ама тоа ништо не менува кога по баскетот ќе тргне човекот со 150 кила и 216 висина. Сакаат и утре да седат на истата клупа, живи и здрави.
По приказната за тоа како една патика од Најк му се искина и отвори целосно на сред меч, па потпиша астрономски договорсо брендот Air Jordan исто под закрила на Најк, сега за Зајон Вилијамсон стигнуваат нови вести.
По турнејата во Азија каде Јунајтед играше ревијални пријателски натпревари против Интер (1-0) и Тотенхем (2-1), „црвените ѓаволи“ вечерва играат во Осло пријателска против тамошниот прволигаш Кристијансун.
На 31 август во Кина стартува Светското кошаркарско првенство, но никаков Дрим-тим од Америка на кој сме навикнати нема да гледаме. Причините се разни а една е и конспиративна и поврзана со претседателот на САД.
Најславниот и најзабавен центар во историјата на НБА од Италија се префрли да пушта музика во Хрватска. 24 сата го начекаа на интервју. Дражен Петровиќ беше неизбежна тема, а ги имаше многу, до тоа кој број на чевли носи.
Средата беше уште еден ден кога се појави уште еден твит за уште еден отказ од суперѕвезда во Тимот САД за Мундијалот во Кина за повеќе од еден месец. Како тргнале работиве, големиот Поп ќе мора да крпи со постоечкиот кадар.
Додека трае паузата во НБА, Шек се лади на најубавите плажи на континентот, на Сардинија каде навечер пушта музика во рамки на неговата ди-џеј турнеја. Псевдонимот му е DJ DIESEL и хара по Европа. Следна му е Хрватска.
Легендарниот Грег Поповиќ кој неодамна стана селектор на Америка, остана и без новиот кошаркар на ЛА Лејкерс Ентони Дејвис за Мундијалот, така што САД ќе бидат без уште една супер ѕвезда.
Пред дваесет и седум години, на 22 јули 1992 година, како загревање за Олимписките игри во Барселона, најјакиот дрим-тим на сите времиња решава да одигра средба пет на пет.
МВП на финалето во НБА и еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Кавај Ленард по историскиот успех со Торонто, летово стана слободен агент и е пред потпис со ЛА Клиперс. По повод неговото заминување од Канада, еден навивач на Репторси смислил оригинален гест за повлекување на дресот на Кавај.
Тако Фол има 23 години, а висок е 2.31. Во летната лига игра за Бостон Селтикс каде ќе се обиде да добие договор. На последната средба против Кавс дал 9 коша имал 3 скока и 1 блокада за 11 минути.
Иако правилата биле многу строги, следувале казни и санкции за нивно прекршување, најголемиот на сите времиња решил да тера по свое и на крајот го прослави бројот 23. Многу генерации израснаа со оваа бројка во чест на Џордан.
Црната бамба, како што беше прекарот на Коби во НБА, еднаш доби покана да учествува во емисија каде го предизвикаа да забие со одраз преку базен во кои се остреа секакви змии.
Како деца баравме стап или камен за да ја решиме оваа проблематична ситуација, со тоа што ризикот со камен беше голем да не ти се врати во глава. Исто и друга топка беше во игра, ама па знаеше и таа да се закачи :).
Ваква одбрана не играше ни Тајрон Лу кога не му даде на Ајверсон да мрдне во финалето на НБА пред неколку сезони. Ова е одбрана што секој кошаркарски тренер треба да ја простудира.
Синоќа во НБА се доделија главните признанија на сезоната, а целата манифестација ја водеа Чарлс Баркли, Шекил О’Нил како и сјајниот комичар Џеј Фараоа кој импресивно го изимитира Шек а цела сала вриштеше од смеа.
Секоја година во НБА се одржува драфт, настан кои многумина ги интересира повеќе дури и од финалната серија, особено навивачите на франшизите кои не влегле во плејофот или испаднале во рана фаза.
Кошаркарскиот натпревар на денот ни доаѓа од Чиле, каде едни душички од Ел Салвадор имаа нерамноправна (според сликата) кошаркарска пресметка со врснички од Америка. Некој мами тука со годините, како е можно до волку да се разлика?
Сè е тоа фино да играш во најсилната кошаркарска лига во светот, да лапаш 7 милиони долари годишно и да живееш ко краљ, ама лето не е лето ако не одиш да се одмориш како човек кај баба ти во село.
Синоќа во Торонто се одржа првата шампионска парада во историјата на овој град. На улиците излегле повеќе од 1,5 милиони жители. Првите почнале да се собираат уште во 5 сабајле. Имало пукотници, огномети, истрели, нереди и многу испиен алкохол.