Откако на првиот меч пред неколку дена Далас однесе голема победа во „Стејплс Центарот“ против ЛА Клиперс 113-103, а Дончиќ тогаш имаше 31 поен со 10 скока и 11 асистенции, овојпат Словенецот блесна уште посилно.
Во триумфот на Далас синоќа од 127-121, Лука уфрли 39 поени (16/29 за два, 5 погодени тројки), со по 7 скока и 7 асистенции за вкупно 70 поени во два меча против еден од главните фаворити за титулата (според составот).
Далас Маверикс од почетокот преземаа иницијатива на гостински паркет, но домаќинот Клиперс одговори и на полувреме водеше 73-71. Во третиот период гостите од Тексас се распукаа и стигнаа до неочекувана двоцифрена предност. Во последните 12 минути од мечот момците на Рик Карлајл успеаа да го одбранат водството и да направат и втор брејк во Лос Анџелес, нешто за што ретко кој веруваше.
🧙♂️ Luka igra sjajno! 39 poena za 2:0 protiv Klipersa ⤵️ pic.twitter.com/1FQSQZUYHK
— Arena Sport TV 🃏 (@arenasport_tv) May 26, 2021
Во малата индивидуална војна со Кавај Ленард кој исто одигра неверојатен меч со 41 поен (14/21 погодени шута за 2), Лука Дончиќ имаше поддршка од трибините од славниот Дирк Новици, права НБА легенда. Кавај Ленард имаше поддршка само од Пол Џорџ кој уфрли 28 поени и 12 скока.
Learned it from his buddy Dirk. What in the actual hell is this shot?😂 pic.twitter.com/nvlNVMafH9
— ProCity Hoops (@ProCityHoops) May 26, 2021
Кај Далас покрај Дончиќ, супер меч одигра и Тим Хардавеј со 28 поени (6/8 за три поени) а Порзингис запиша 20 поени.
Серијата сега „лета“ во Далас каде Дончиќ и неговите Маверикс ќе имаат пенали пред своја публука да обезбедат пласман во следна фаза од плејофот и да урнат еден голем фаворит. Во следна рунда оди тимот кој прв ќе стигне до 4 победи. Game 3 е закажан за во сабота на полноќ.
ЛЕЈКЕРС - ФЕНИКС 1:1, БРУКЛИН ФАЌА ЗАЛЕТ
На другите натпревари синоќа, Лос Анџелес Лејкерс пред 16.000 навивачи на Санс израмнија на 1-1 во серијата со Феникс, а Бруклин го доби Бостон 130-128 за водство од 2-0. Лејкерси славеа 109:102 предводени од триото Леброн-Дејвис-Шрудер и серијата се сели во „Стејплс Центар“.
Ентони Дејвис, крилниот центар на Лејкерс постигна 34 поени (7/15 за два) со 10 скока и 7 асистенции но доби и дури 21 слободно фрлање што е права реткост сезонава.
Леброн Џејмс забележа 23 поени (9/16) со 9 асисенции а Денис Шрудер имаше 24 поени (8/16) и по 3 асистенции и скока.
Интересно првата плејоф победа во кариерата ја забележа ветеранот Андре Драмонд кој постигна 15 поени (7/11) со 12 скока. Ова беше прв триумф на Драмонд во плејоф по претходните 9 порази.
Кај Феникс Девин Букер беше најефикасен со 31 поен, ДеАндре Ејтон уфрли 22 поени и 10 скока за дабл-дабл, а Камерон Пејн додаде 19 поени. Лидерот на екипата, Крис Пол имаше ограничена минутажа поради повреда на рамото.
Бруклин одново на крилата на Кевин Дурент (26 поени, 8/12 со 8 скока и 5 асистенции) го совлада Бостон Селтикс за 2-0 во серијата. Дурент не промаши од линијата за слободни фрлања (8/8).
Џо Херис ја намести раката па растури со тројки (25 поени, 9/14 за два). Џејмс Харден „Брадата“ додаде 20 поени (6/12).
Кајри Ирвинг постигна 15, Блејк Грифин 11 а Шемет 10 поени.
Кај поразениот Бостон, Тристан Томас имаше дабл-дбал со 15 поени и 11 скока. Маркус Смарт беше најефикасен кај Селтикс со 19 поени.