Хувентуд ја совлада Барселона, Нено Димитријевиќ доминираше и закажа мајсторка

Кошакарите на Хувентуд убедливо го совладаа големиот фаворит Барселона 72-63 во вториот меч од четвртфиналето на шпанската лига и серијата ја однесоа во мајсторка во Каталонија каде ќе се решава патникот во полуфинале.

Домаќините пред своја публика водеа од почеток до крај, Барселона на кратко само се приближи и израмни но недоволно за по вторпат да го победат тимот на најдобриот македонски кошаркар.

Ненад Димитријевиќ имаше голем придонес за овој неочекуван триумф со 10 поени со 3 скока и 1 асистенција.

Најдобар поединец на средбата беше Басас од Хувентуд со 20 поени. Кај Каталонците Кори Хигинс постигна 13 а Аргентинецот Болмаро 12. Следниот меч се игра во сабота во „Палау Блауграна“ во Барселона. Тогаш ќе се реши патникот во полуфинале.

4 јуни 2021 - 11:07