Кошарка

Номинации од Шекил за циркус на неделата

Во својата емисија Shaqtin' A Fool на ТНТ, Шекил секојдневно објавува нови комични моменти од паркетите во НБА, а редовно и номинира кандидати за циркус на неделата.

Понижување во режија на Теодосиќ

Некој веројатно треба да ти згрежи нешто за вака да го убиеш во поим и да му го земеш паметот нели? Виртус Болоња го совлада Будуќност во Еврокупот со 20 разлика, а Милош се истакна со нов вонсериски потег еден на еден.

5 прстени во 5 минути

Светот одбележува една година од хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант. Човекот кој ја одбележа НБА лигата на стартот на новиот милениум со 5 титули за 10 години. Уживајте во овие историски мигови со него од 2000, 2001, 2002, 2009 и 2010.

Незаборавната ноќ кога Коби ја искина мрежата 81 пат

Помина една година откако еден од најдобрите и наславни кошаркари на сите времиња загина во хеликоптерска несреќа и создаде колективна тага. Да се потсетиме на неговата најблескава партија која ќе остане во аналите на НБА лигата.

Јокиќ ли е Дончиќ ли е?

Еден од дописниците на РТС од САД, Александар Жигиќ преку видео повик се обиде да му постави неколку прашања на Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс. Ама...

Јак дуел на Јокиќ и другар му Дончиќ

Денвер и Далас Маверикс одиграа супер дуел кој го добија Нагетси 117:113. Јокиќ уфрли 20 поени и 10 скока, а Дончиќ одново имаше ѕверска партија со трипл-дабл.

Банана на викендот во мак баскетот

Кошаркарите на ТФТ, прволигашот од скопската населба Тафталиџе се најпријатно изненадување на сезоната во најдобрата македонска лига. ТФТ синоќа го победи Куманово на гости 88-94 а најјак момент беше бананата на Амир Смит над плејот Кори Рос.

Фудбалско шоу на Дончиќ

36 поени, 9 скокови и 11 асистенции за извонредниот Лука Дончиќ во победата на Далас над Сан Антонио од 122:117, овој пат и со опасни фудбалски вештини под кош. Погледнете го овој страшен прием на баскетот.

Месина во афект пцуеше по Баерн

Олимпија Милано во 21. коло од Евролига со 75:51 го потопи Баерн Минхен, ама тренерот на италијанскиот состав Еторе Месине им се сипа на Германците после мечот. Андреа Тринкиери кој го води Баерн не дошол на задолжителната прес-конференција, а неговиот колега и сонародник Еторе Месина го чекал 20 минути за да почне. На крај му прекипе:

Мангупско додавање на Дончиќ

Веќе и коментаторите знаат да се сецнат и не знаат што да искоментираат на ваквите негови потези.

Лука Дончиќ - 21 година, 30 трипл дабл учиноци во НБА

До каде ќе оди ова момче и што ли ќе пишуваме за него за едно 10 години? Па Меџик Џонсон, Леброн Џејмс и Оскар Робертсон до 22 години заедно немале толку.

НБА ѕвездата се опушта со Мирослав Илиќ

Најдобриот играч во НБА во моментов по многу параметри, краткото слободно време меѓу напорните натпревари го користи да се опушти по дома.

Сашо кога пцуе, клупата се тресе на тајм-аут

Кошаркарите на Партизан убедливо изгубија во Еврокупот од Булоњ Метрополитанс во Париз 79:62, а тренерот на „црно-белите“ Сашко Филиповски не можеше да ги задржи нервите и на еден тајм-аут ги отера играчите кај што не треба.

Душманско забивање на Пол Џорџ против Пејсерс

Пол Џорџ на времето беше драфтуван од Индијана и своите најдобри настапи ги имаше во дресот на Пејсерс. Ама веќе некое време игра за еден од фаворитите за титулата ЛА Клиперс во чиј дрес синоќа баш против Индијана го имаше куцањето на колото.

Лудиот кош од крај до крај кој ни камера не го стигна

Неверојатен кош падна на мечот од трета италијанска лига: Кијети Баскет - Еуробаскет Рома. Гостите на пар секунди до крај имаа 3 поени предност и слободно фрлање. Ама мечот во продолженија го однесе Паулис Сорокас со будалест кош.

Совршено деби на Харден за Бруклин, се крои ли шампионско трио?

Откако конечно после неколку години му се оствари желбата да замине од Хјустон и да заигра во друг тим, Џејмс Харден синоќа дебитираше за Бруклин Нетс во победата над Орландо 122:115. „Брадата“ уфри 32 поени, имаше 14 асистенции и 12 скока.

Експлозивниот настап на Џордан со 19 поени за 6 минути

На 8 минути до крај Чикаго Булс губи од Ванвувер со 8 разлика, а на Мајкл не му оди, има само 10 поени и седи на клупа. Ама мустрата Фил Џексон знае чудо од човек тренира, го става во игра и ги прави попара.

Јокиќ: Шек тоа е на руски, а јас сум Србин

Нова доминантна партија на Никола Јокиќ кој оствари трип дабл со 23 поени, 14 скокови и 10 асистенции, а Денвер славеше против Голден Стејт со 114:104. Србинот беше во центарот на вниманието, ама и Шек кој во обид да му каже браво за играта на неговиот мајчин јазик, тој на руски фати.

Тројката на Леброн без гледање за која се крена галама

Џејмс веќе ја сврте игрицата неколку пати во НБА, па сега просто како да ужива да пробува нови нешта на теренот. Синоќа Лејкерс го победија Хјустон 117-100, а Леброн постигна 26 поени со 8 скока и 5 асистенции. Имаше и тројка без гледање кон обрачот, туку свртен кон клупата.

Лудачки кош во Шпанија

Џером Рендл од Бетис имаше 5 секунди до крај на трета четвртина за да организира напад. Но дечкото заглави на своја половина и се снајде без да треба да организира напад.

Акција на сезоната во НБА лигата

Андре Драмонд од Кливленд беше најкрeативен играч на ноќешните средби од НБА. Пуштајте плеј и уживајте во најубавата, генијална и спектакуларна акција која ја смисли на мечот против Мемфис. Ремек дело.

Луда асистенција на Јокиќ која стана хит

Брилијантна партија на Никола Јокиќ со 35 поени, 15 скока и 6 асистенции на мечот против Минесота кој Денвер го доби со 123:116. Сите зборуваат за генијалниот пас на Србинот со кој ги воодушеви коментаторите.

Оправдано ли е медицински да се игра кошарка со маски?

Апсурдни фотографии и снимки ни доаѓаат од САД, каде може да се забележи како кошаркари и кошаркарки носат маски, ама не на клупа, туку во сред игра. Па добро како издржале цел натпревар?

Кога на Дрејмонд Грин ќе му дадеш да организира напад

Веројатно сакаше на некој да му каже да влезе или општо да смени позиција, ама некако немаше нерви да го дочека, па од тоа произлезе циркузантска сцена. Коментаторот закочи со коментирање од што му беше слатко смеењето.