Лука Дончиќ го скроти дрим-тимот на Бруклин

Бруклин Нетс од „нигде-никаде“ среде сезона направи страшен состав кој треба да конкурира за титулата. Кевин Дурент, Блејк Грифин, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден ќе го напаѓаат пехарот, ама како стојат работите формата им е во надолна линија. Далас Мавс им го нанесе четвртиот пораз во низа 113-109.

Кајри Ирвинг одигра страшна партија со 45 поени, 5 скока и 4 асистенции, а Дурент имаше 20 поени и 9 скока. Тоа не беше доволно да се добие Далас каде Лука Дончиќ уфрли 24 поени, 10 скока и 8 асистенции за нов триумф на Маверикс.

Ова беше осма победа на Далас на последните 10 меча и во моментов се петти на Западот со учинок 38-28. Бруклин го чува второто место на Истокот со учинок 43-24.

22-годишниот Лука имаше и мала дамка на овој натпревар. Ја заработи 16. техничка лична сезонава со што постави негативен рекорд во НБА по овој параметар и сега поради суспензија ќе паузира еден меч.

 

7 мај 2021 - 11:54