Најдобра кошаркарка на теренот во финалето беше Брајана Стјуарт со 22 поени, 10 скока и 4 асистенции. Таа погоди седум од 10 шута од игра и 8/9 слободни фрлања со индекс на корисност 30.
Џеки Јанг додаде 18 поени (4 уфрлени тројки), со шест скока и пет асистенции. Калеа Купер уфрли 15 поени, а Челси Греј 12 поени, пет асистенции и четири скока. Голем учинок имаше и Кејлтин Кларк која за само 13 минути на паркетот постигна 12 поени со шут од игра 4/5. Французинките Доминик Малонга со 21 поен и шест скока и Габи Вилијамс со 20 поени, седум асистенции и три украдени топки беа најефикасни кај „триколорите“.