Јастребите летаат и со втора постава

Ноќта меѓу вторникот и средата во НБА се одиграа седум натпревари, а вечерта ја одбележа Мо Вилијамс со 52 поени во победата на Минесота Тимбервулвс над Индијана 110:101. Феникс ги скроти Кливленд и Леброн, а Атланта Хокс со втор состав и без Антиќ подобра од Филаделфија.

Без Пол Милсап, Џеф Тиг, Демар Керол и Перо Антиќ, Атланта убедливо стигна до нова победа, 30-та во сезоната. Хокси славеа на гости против Филаделфија 105:87, а најзаслужен за триумфот беше Ал Хорфорд кој стигна до својот прв трипл-дабл учинок во кариерата. Хорфорд имаше 21 поен, 10 скокови и 10 асистенции за 30 минути во игра.

Првиот трипл-дабл на Ал Хорфорд во кариерата:

Бекот на Минесота Тимбервулфс, Мо Вилијамс е првиот играч сезонава што дал 50 или повеќе поени. Волците славеа шеста победа, а Вилијамс постигна 52 поени и седум асистенции во победата над Индијана Пејсерс 110:101, со што го постави рекордот на франшизата. Покрај Вилијамс, кај Вулфс се истакна уште и Ендру Вигинс со 20 поени. Кај Пејсерс, Си Џеј Мајлс уфрли 22 коша со пет скокови.

Бесниот Мо Вилијамс и неговите 52 поени:

По пауза од 14 дена поради повреда, Леброн Џејмс се врати на паркетот, но не му помогна на Кливленд. Кавалерс загубија од Феникс Санс 107:100, а главната улога на мечот ја одигра Маркиф Морис со 35 поени и седум скокови. Во победничкиот состав одлична партија пружи и словенечкиот репрезентативец Горан Драгиќ со 18 поени. Леброн го заврши мечот со 33 поени, седум скокови и пет асистенции. Џеј Ар Смит го следеше со 29 поени и шест асистенции.

Кралот се тркаше со часовникот:

А покажа и дека ја залечил повредата:

Благодарение на Стефон Кари, и Голден Стејт Вориорс стигна до 30. победа сезонава, а седма во низа. Воините ја совладаа Јута Џез 116:105. Кари уфрли 27 поени и 11 асистенции, а Дрејмонд Грин 15. Џезерите го имаа расположениот Дерик Фејворс со 22 поени и 11 асистенции.

Бравурата на Кари против џезерите:

Иги го научи Јан Кларк како се забива од контра:

Возбудлив натпревар одиграа Далас Маверикс и Сакраменто Кингс, а екипата од Тексас победи дури после продолжението 108:104. Како по навика, Монта Елис го предводеше Далас со 28 поени и десет асистенции, а одлична вечер имаше и Тајсон Чендлер со 16 поени и дури 17 скокови. Демаркус Казинс беше најефикасен кај Кингс и воопшто на мечот со 32 поени, 16 скокови и девет асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Феникс – Кливленд 107-100
Јута – Голден Стејт 105-116
Сакраменто – Далас 104-108 (пп.)
ЛА Лејкерс – Мајами 75-78
Филаделфија – Атланта 87-105
Индијана – Минесота 101-110
Вашингтон – Сан Антонио 101-93.