Жељко Павличевиќ (Цибона - 1986, Сплит - 1991)
Двата најголеми триумфи на хрватскиот тренер се поврзани со најголемјите ѕвезди на неговото време. Во 1986. Павличевиќ соработуваше со Дражен Петровиќ кога со Цибона го победија Жалгирис во финалето одржано во Будимпешта. Во 1991. година, по заминувањето на Божидар Божа Маљковиќ во Барселона, тренерот Павличевиќ го замени Маљковиќ на клупата на КК Сплит и истата година ја победи Барса во финалето на Европскиот куп. Тони Кукоч беше главен играч на Сплит таа сезона, а играа уште Зоран Савиќ, Велимир Перасовиќ, Жан Табак.
Валерио Бјанкини (1982, 1984 - Виртус)
Најголемите победи во кариерата на Пророкот како го викаа Бјанкини беа со римскиот Виртус, а најзаслужен за триумфите во Европа беше американскиот снајпер Лери Рајт.
Лоло Санс (1978, 1980 - Реал Мадрид)
Поранешниот играч на Кралскиот клуб, шест години по завршувањето на кариерата го печел тренерскиот занает. Почнал со јуниорите, па со младинците и на крајот станал прв тренер на првиот тим со кој освоил 2 титули Европски шампион. Благодарение на него музејот на Реал е богат со трофеи.
Алесандро Гамба (1975, 1976 - Варезе)
Во играчките денови освоил сребро на Олимписките игри со италијанската репрезентација во 1980. и злато на ЕП 1983. Како тренер работеше во Варезе со кој дури 4 пати играше во финалето на Европскиот Куп, а два пати го освои.
Душан Дуда Ивковиќ (Олимпијакос 1997, 2012)
По играта на случајноста, еден од најголемите тренери во историјата на европската кошарка Европа ја освојуваше само со Олимпијакос. Првата титула му беше поврзана со одличниот Американец Дејвид Риверс кој на Пиреја и го донесе големиот трофеј, а втората титула Дуда ја освои благодарение на неверојатниот Василис Спанулис во големото финале против ЦСКА Москва, кога за Грците играше и Перо Антиќ.
Пини Гершон (Макаби, 2001 (Суперлига), 2004, 2005)
Најдобрите години од кариерата на Пини Гершон датираат од непобедливата екипа на Макаби во која играа Ентони Паркер, Шарунас Јасикевичиус, Масео Бастон, Дерик Шарп, Никола Вујчиќ, Тал Бурштеин.
Александар Николиќ (Варезе - 1970, 1972, 1973)
Професорот Николиќ бил творец на југословенската кошарка. Тренерското име го изгради во Белград, а потоа ги освои најважните трофеи со најбогатиот италијански тим во тоа време.
Еторе Месина (Болоња 1998, 2000, ЦСКА 2006, 2008)
Уште на самиот почеток на тренерската кариера, Еторе Месина се промовирал како некој кој знае да ги скроти дивите ѕвезди во екипата. Неговите славни денови во Болоња со која се качи на кровот на Европа се поврзани со Предраг Даниловиќ, Ригодо, а подоцна и со Марко Јариќ и Ману Џинобили. Златниот пехар го донесе и во Москва, каде ги тренираше Смодиш, Холден, Папалукас, Ленгдон.
Божидар Маљковиќ (Југопластика - 1989, 1990, Лимож - 1993, Панатинаикос - 1996)
Во првата половина на ’90-те години Маљковиќ веќе стана светски признато име. Тренер на Југопластика станал на 34 години, како наследник на Ацо Петровиќ. Имаше среќа и знаење да работи со најголемите ѕвезди во тој период, Дино Раџа и Тони Кукоч. Клубот за само неколку години стана европски првак и доминантна сила во југословенската кошарка.
После неколку години во Барселона без значаен успех, Божа заминува за Лимож каде со прилично непознати кошаркари го освојува европскиот куп. Маљковиќ последен пат се искачи на врвот на Европа со Панатинаикос во 1996. година кога победата му ја донесе големиот Доминик Вилкинс кој играше во Атина.
Александар Гомељски (СКА Рига - 1958, 1959, 1960, ЦСКА - 1971)
Легендата на советската кошарка кој се прослави со Рига и со ЦСКА Москва. Соработуваше во 1971-та со играчот-тренер Сергеј Белов.
Жељко Обрадовиќ (Партизан 1992, Хувентуд 1994, Реал 1995, ПАО 2000, 2002, 2007, 2009, 2011)
Крал на европската кошарка. Во 25-годишната тренерска кариера, Жељко Обрадовиќ стана специјалист. Своите вештини ги покажа со најразлични екипи. Со Партизан го направи најголемото изненадување кога ја освои Европа со фантастичниот Александар Ѓорѓевиќ и со Предраг Даниловиќ. Во Реал го имаше Сабонис, во Панатинаикос најпрвин со Бодирога, Алвертис и Ребрача, а потоа со Дијамантидис. Сезонава Жоц е спремен со Фенербахче да освои уште еден рекорден трофеј во Европа. Во таа намера би можел да му помогне Перо Антиќ.