Љубљана е на нозе, ордени за хероите, 3.000 литри гага пиво за публиката

Кошаркарите на Словенија испишаа историја во својата земја откако за прв стигнаа Европски прваци. Тие ја совладаа селекцијата на Србија од која загубија во полуфиналето на Евробаскетот во 2008-ма. Земјата е во транс и славеше до доцна.

Драгиќ, Дончиќ и останатите јунаци предводени од селекторот Игор Кокошков синоќа имаа спектакуларен пречен прво на аеродром, а потоа и на плоштадот во Љубљана каде нивниот историски кошаркарски подвиг се славеше на дожд.
 
Најголемиот кошаркарски успех во историјата го прославија околу 20.000 луѓе за кои имаше бесплатнни 3.000 литри пиво, а самото финале кое се одигра во неделата вечер го следеле 84% од гледачите со што биле срушени сите тв рекорди во земјата.
 
Претседателот на Словенија Борут Пахор им честиташе на кошаркарите и за успехот ќе им даде орден за посебни заслуги во спортот, а вкупната премија која ќе им биде доделена од Министерството за образование спорт и наука изнесува 67.000 евра.

19 септември 2017 - 09:22