Батум со 5x5 учинок

Во историјата на НБА лигата само 8 кошаркари успеале на натпревар да имаат учинок од барем 5 поени, скокови, асистенции, украдени топки и блокади. Последниот на кој тоа му успеа е Николас Батум од Портланд на натпреварот против Хорнетс.

5x5 учинок е кога кошаркар ќе успее да забележи барем по 5 во секоја од главните статистички графи (поени, асистенции, скокови, украдени топки и блокади). Само најсестрани кошаркари успеале да го постигнат тоа, а помеѓу нив не е Мајкл Џордан.

Последен кој успеал да има ваков учинок е Николас Батум од Портланд кој на натпреварот против Хорнетс постигна 11 поени, 10 асистенции, 5 скокови, 5 блокади и 5 украдени топки.

На Хаким Олајџувон тоа му успеало 6 пати, Андреј Кириленко 2 пати, а по еднаш на Владе Дивац, Маркус Кемби, Дерик Колмен, Дејвид Робинсон и Џамал Тинсли.

 

18 декември 2012 - 12:20