Фудбал

Најскапоцениот меч вечерва не се игра во Милано

По пласманот на Барнли и Мидлзборо, вечерва ќе го дознаеме и третиот нов Премиерлигаш за следната сезона. На Вембли во финалето на плејофот, Хал Сити и Шефилд Венздеј ќе играат не само за пласман во елитата, туку и за 200 милиони фунти.

Мотивационото видео на Реал за финалето

Во борба за најважниот трофеј во европскиот клупски фудбал вечерва Реал Мадрид ќе се обиде по 11-ти пат да го освои овој пехар. Од спротивна страна ќе ги имаат воините на Диего Симеоне.

Најлошиот пенал во историјата на Литванија

Се играше меч од Купот на Литванија меѓу второлигашите Силуте и Силас кој заврши 0:0. Следуваа пенали, а таму се прослави гостинскиот фудбалер Гитис Сиугзда.

И ѕидот пушти солзи

По две децении кариера, 635 меча и 22 трофеи, уште едно легендарно фудбалско име кое инаку го гледавме на Градски против Вардар, ги закачи копачките на клинец. По неговото пензионирање, само Тоти останува активен играч од Скудетото на Рома во 2001-ва.

За Милано финалето е со горчелив вкус

Градот на модата за првпат сезонава ќе гледа европски фудбал, поради тоа што ни Милан ни Интер не ја помирисаа Европа цела 2015/2016. Реал 12 години чекаше јубилејна 10-та титула, сега 90 минути го делат од 11-та. Атлетико има многу мотиви.

Тајната на украдениот пехар од ЛШ на Астон Вила

Најдрагоцениот трофеј во Европскиот фудбал стигнал во Бирмингем, но една вечер го снемало од паб во Вест Мидлендс. Три децении подоцна следува приказната како два полициски тима го освоиле пехарот.

Голман или мачка?

И покрај поразот на неговиот Бари од Новара 3:4 во Плејофот за пласман во Серија А, голманот Алесандро Мичаи покажа пантерски рефлекси и тоа во три наврати.

Како игра најдебелиот фудбалер во Англија

Некој ќе дојде на прес-конференција на Луј ван Гал и веднаш добива светска слава, а некој работи на својот углед како најдебел играч и патува ширум Англија секоја недела, па никој не го забележува.

Римското дерби без одмазда

Во 87 години историја и 180 меѓусебни средби, Лацио и Рома имаат само едно меѓусебно соочување во финалето од Купот на Италија кое го реши Сенад Лулиќ во 71 минута. Тоа е 26 мај 2013-та, историски датум за Лацијалите на кој ќе се сеќаваат со години и децении. Го нарекуваат „дерби без одмазда“.

Избран голот на сезоната во Германија

Клаудио Пизаро, легендарниот перуански фудбалер на Вердер Бремен сезонава го постигна 100-от гол во зелениот дрес. Еден од погодоците сезонава беше прогласен за најубав во Бундеслигата.

Реакцијата на Ибра на прашањето за Манчестер

Десетина англиски новинари слетале во Шведска, само со една цел: да дознаат дали Златан Ибрахимовиќ потпишал договор со Манчестер Јунајтед и ќе му се придружи на Мурињо. Како одговор добија насмевка помистична од онаа на Мона Лиза од Леонардо Да Винчи.

Тренери со најдолг престој на една иста клупа

На листата тренери кои не ги фаќал с'клет со години да седат на исто место, „најкраткиот" бил тренер 19 години а најдолгиот неверојатни 44 години водел еден ист клуб.

За што ќе му се одмаздува Атлетико на Реал Мадрид

На 24. мај 2014-та година Реал и Атлетико играа во финалето на Лигата на шампионите. Кралевите тогаш се спасија со израмнувачки гол во 94. минута, а во продолженија славеа со 4-1. Во сабота Атлети ќе има шанса да им се одмазди за болниот пораз.

Малиот Трапановски по стапките на Пандев

Фудбалскиот колектив Академија Пандев од Струмица е на радарот на многу италијански клубови, особено по настапите на турнирот во Вијареџо. Кристијан Трапановски e на проба во Интер.

Населбата во Малме во која растел Златан

Од 19. мај во неколку европски земји играше премиера на филмот „Златан. Почетокот" кој раскажува за младоста на напаѓачот на Шведска. Во својата биографија, Ибра на многу места зборува за Малме, градот во кој се родил, живеел, учел и ја почнал фудбалската кариера.

Цирих и Лугано денес за опстанок, во недела во финале на Куп

Оваа недела е парадоксална за ФЦ Цирих и ФЦ Лугано, двата клуба кои се на дното на Швајцарската Супер Лига. За четири дена ќе знаат што се, полковници или покојници.

Што во спортот значи изразот говор на тело

На меч меѓу младинци во Брегот на Слоновата Коска, фудбалерот на познатиот АСЕК Мимозаз, Јан Закри му ја извитка кичмата на противникот.

Бев бунтовен како Јоко Оно и Џон Ленон

Фудбалерот за кои навивачите на Лацио извадија знаме „Сакаме 11 Алмеиди“ се избори со алкохолизам, депресија и апатија, го освои Супер Купот на Европа, се врати во татковината и успеа да го врати Ривер во првата лига.

Пелистер пред подвиг, Чкембари се мобилизираат

Откако една година играат во втората лига, фудбалерите на Пелистер сега имаат голема шанса преку бараж-двомечот со Хоризонт Турново да се вратат во најдобрата македонска лига.

Во пресрет на Копа Америка

САД ќе бидат домаќин на јубилејната Копа Америка Сентенарио која годинава слави 100 години од одигрувањето на првиот таков турнир на кој се појавуваат сите најголеми ѕвезди од овој дел на светот.

Судија, тргни тоа од рака

Помошен судија во пониските лиги на БиХ никако не можел да го дочека полувремето за да ја задоволи својата пушачка манија па реши да запали додека мавта со знаменцето.

Мурињо и Јунајтед - како беше порано

Хрониката односи на Мурињо со клубот од Олд Трафорд започна некаде пред 12 години кога Португалецот гостуваше во Манчестер. Од тогаш до денес, голема промена на односите.