Португалскиот архитект Мануел Салгадо е дизајнерот на Естадио Драгао кој беше изграден за сума од 98 милиони евра и официјално пуштен во употреба на 16 ноември 2003-та. На овој стадион гледавме отворање на ЕП 2004, концерти одржаа Колдплеј и Ролинг Стоунс, а знаете кој дебитираше на неговото отворање?
Лионел Меси кој на 16 години доби шанса од Рајкард да настапи на пријателскиот дуел Порто – Барселона. Од тој момент па се до денес навивачите се израдуваа на 223 победи и 621 гол. Еве дел од интересните факти и бројки за домот на Порто.
1 – Во 17 минута Маниче го постигна првиот официјален гол на Естадио Драгао. Противник беше екипата на Униа де Леириа, а се играше 21. коло од португалското првенство. Датум: 7 февруари 2004 година. Вториот го постигна Масиел.
4 – Фудбалот се игра 90 минути, ама на Фалкао му беа потребни само 40 за да постигне 4 гола на полуфиналниот меч од Лига Европа против Вилареал. Тоа е единствениот фудбалер со 4 гола на еден меч на овој стадион.
5 – Оваа бројка стана митска на 7 ноември 2010-та кога публиката беше сведок на најголемиот триумф над Бенфика од 5:0 на мечот за титулата.
6 – Првиот фудбалер со хет-трик е Мекарти во сезоната 2003/2004, но листата на стрелци со три гола на Драгао се искачи на 6. Продолжија Хулк, Валтер и Фалкао, сите во 2010/2011, а во 2014/2015 им успеа и на Тело и Брахими. Овој последниот е единствен со хет-трик во ЛШ.
10 – На 15 август 2015-та Порто славеше над Виториа Гимараше со 3:0, меч кога Драгао стигна до 10 милиони посетители.
22 – Естадио Драгао е вториот стадион во Европа со најмногу трофеи од отворањето, исто колку Џузепе Меаца каде се бројат трофеите на Интер и Милан. Број 1 во оваа битка е Камп Ноу каде Барселона освои 28 трофеи во последните 13 години.
49 – Во 86 минута од мечот Порто – Жил Висенте во сезоната 2014/2015, Џексон Мартинез го постигна својот 49 гол на Драгао со што стана најдобар стрелец на овој стадион. Хулк е втор со 43, а трет е Фалкао со 40.
80 – Најефикасна сезона на Порто во нивниот дом е 2010/2011 кога под водство на Андре Вилаш Боаш постигнаа 80 голови на 29 меча.
89 – Жезуалдо Фереира е единствениот тренер во историјата на Порто кој освои три титули, единствениот со три титули по ред и тренер кој седел најмногу пати на клупата, вкупно 89 пати.
158 – Фудбалерот со најмногу настапи на Драгао е Хелтон со 158, а потоа следуваат Лучо Гонзалес (117) и Фернандо (113). Од Португалците најмногу настапи на Драгао има Кварезма.
299 – Е бројот на официјални одиграни натпревари на Порто во 13 годишното постоење на Естадио Драгао. 201 во првенството, 62 на европските натпреварувања, 20 во португалскиот Куп и 16 во Лига Купот. Скорот им е 223 победи, 47 нерешени и 29 порази. На овој стадион се отвори ЕП 2004 и потоа се одиграа уште четири натпревари.
621 – На 299 официјални натпревари гледачите на Естадио Драгао се имаат израдувано на 621 гол или во просек по 2 на натпревар.