Големото турско дерби кое синоќа го реши Ван Перси со два гола, веќе две децении ги навраќа нивните навивачи кај еден од најконтроверзните моменти до сега видени на натпревар меѓу два големи ривали, па и воопшто во фудбалот.
На 24 април 1996-та година се играше финалето од Купот на Турција, а домаќин беше Фенербахче. За Галатасарај тогаш играа славните Хакан Шукур и Окан Бурук кои потоа направија трансфер во Интер.
Ги водеше Грем Сунес кој по Ренџерс и Ливерпул стана тренер на Галатасарај, а 90 минути не беа доволни за да се реши средбата, па голот кој го одлучи победникот падна во 116 минута.
Стрелец беше Дин Сандерс, но тој не беше најважен играч на мечот. Главната улога му припадна на тренерот на гостите Грем Сунес кој направи потег нетипичен за фудбалски натпревар. Навивачите на Галатасарај беа во делирум, а едно од знамињата што ги вееја заврши кај него, а тој на изненадување на сите се стрча и го збрца во центар на игралиште.
Таа сцена дополнително ги разгоре страстите меѓу двете екипи кои без придружба на полиција не можеа и не можат да мрднат едно метро. Сликата од ставањето на знамето стана иконска и веднаш се направи компарација со турскиот херој Улубатли Хасан кој бил убиен откако го ставил отоманското знаме на крајот на опсадата на Константинопол. Па така Грем го доби прекарот Улубатли Сунес.
И по 20 години на навивачите на Галатасарај сè уште им е идол шкотскиот стратег. Пред две години тие направија кореографија за да го овековечат тој историски момент.
Сунес беше една сезона тренер на Галатасарај, а потоа ги водеше екипите на Саутемптон, Торино, Бенфика, Блекбурн и Њукасл каде се пензионираше како тренер во 2006-та година на само 53 години.
Откако го напушти Сент Џејмс Парк, почна да работи како телевизиски критичар, а пред неколку месеци објасни зошто се решил за таков потег кој вели дека не му бил паметен.
„Кога отидов таму, заменик претседателот на Фенербахче доби прашање во печатот `Што прави Галатасарај со потпишување на тренер инвалид? Тој зборуваше за мене бидејќи 18 месеци претходно имав операција на срце. Ние го освоивме Купот на нивни тренер, а големото знаме беше на навивачите и потоа сите играчи имаа прилика да го вејат. Кога дојде во мои раце истрчав и го `насадив` на терен. Во тие моменти го видов нивниот потпретседател во ложа и си помислив `Сега ќе ви покажам кој е инвалид`. Како и да е тоа не беше паметен потег. Потоа многу навивачи се обидуваа на влезат на терен. Успеав да излезам од таму неповреден“.