Во синоќешното мадридско дерби Роналдо се запиша во листата на стрелци во 23, 71 и 77 минута за конечни 0:3, но спорна остана 12 минута од средбата при резултат 0:0 кога Португалецот ја пикна топката во гол, но судиите не забележаа дека ја мина гол линијата.
Се ќе беше полесно ако челните луѓе на шпанскиот фудбал одлучеа по теркот на Серија А и Премиер лига, да ја воведат гол-технологијата со која веднаш на лице место се докажуваат вакви спорни ситуации кои се тешки да се викат со голо око.
Пред стартот на сезоната, претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас изјави дека за сега нема да ја воведуваат гол-технологијата бидејќи им била скапа.
Видео од спорниот момент
Хет-трикот на Роналдо