Керем Булут веројатно е фудбалерот со најдолго прославен гол поништен поради офсајд. Членот на Вестер Сиднеј не го интересираше ни свирче ни ништо, туку ја пикна топката во гол и потоа истрча 100 метри со пречки за да стигне на групно гушкање со навивачите кои исто така го игнорираа судијата.