По 11 минати кола во Ла Лига, Роналдо успеа да постигне само 5 гола на три средби што e далеку од задоволително за него бидејќи тој секогаш сака да му честитаат, а не да честита за голови.
По ланската одлична сезона во која постигна 51 гол на сите натпреварувања, ја освои Лигата на шампионите, а потоа со Португалија стана Европски првак, оваа сезона некако бавно му оди на личен план.
Статистиката покажува дека во однос на минатите две сезони заостанува во сите сегменти: клучни пасови, асистенции, голови, а троши и повеќе топки.
Роналдо има навика на критиките да одговара со голови, но и да не биде така, вреди и треба да ги жртвува личните успеси и повеќе да мисли на титулата која ја има освоено само еднаш во својата осма сезона на Бернабеу.