Нов гол на Илија Несторовски, потврдува страшна форма

Македонскиот репрезентативен шпиц продолжува да ги решета мрежите во Серија А и да ги импресионира скаутите на поголемите клубови кои го следат. Попладнево Нестогол го матираше голманот на Болоња за водство на Палермо на гости 0:1. Последниот гол на Несторовски беше седми за него сезонава во Серија А.

20 ноември 2016 - 15:29