Фудбал

100-та на Кејн се одбележа во соблекувална

По Алан Ширер, гол машината на Тотенхем Хари Кејн стана најбрзиот играч кој стигнал до 100 голови во Премиер лигата. За овој голем јубилеј Кејн за подарок од Најк доби специјални копачки со бројот 100 и одржа кус говор после мечот со Ливерпул.

Лацио му стана редовен пациент на Пандев

На последниот натпревар од 23. коло во Серија А се случи големо изненадување. Фудбалерите на Џенова го шокираа Лацио среде Рим со конечни 1:2. Првиот гол на средбата го постигна Горан Пандев во 55-та минута. Македонскиот репрезентативец постигнува три гола против својот поранешен клуб откако го носи дресот на Џенова.

Фергусон: Во Јунајтед тренирав четворица од светска класа, а од нив Кристијано беше дијамантот

Додека татко му пиел, а брат му се дрогирал, неговата цел била да стане најјак фудбалер во свет. И ете го до каде стигна. 646 голови во кариерата, 5 Златни топки и 26 трофеи од кои 4 ЛШ и едно ЕП.

Второто место на Јувентус е за Скудето

Во историјата на Серија А ниту еден тим не се наоѓал на втора позиција на табела после 23 кола со број на бодови каков што во моментов има Јувентус. Проблемот се вика Наполи.

Најубавиот гол на Милан оваа сезона

Удинезе му ја прекина серијата на Џенаро Гатузо од три победи по ред со еден несреќен потег на Донарума кој на 15 минути до крај си даде автогол. Најатрактивниот погодок оваа сезона за Росонерите го постигна Сусо, кој ја опали од 30 метри за сите пари.

Два гола директно од корнер на Болоња - Фиорентина

На дуелот во Серија А меѓу Болоња и Фиорентина, гостите поведоа преку Вертут во 41’ минута директно од корнер. Болоња возврати само една минута подоцна преку Пулгар исто од корнер.

Покажи ја верноста на кожа за доживотен сезонски билет

Германскиот прволигаш Херта Берлин смисли доста невообичаен начин за да ја тестира верноста на своите навивачи. Кој има страв од игла, ќе си плаќа и понатаму за карта.

Промашување на сезоната од Рахим Стерлинг

Тимот на Барнли е меѓу ретките во последно време кој успеа да го сопре Манчестер Сити и да му земе бод (1-1). Но сè ќе беше подруго ако Стерлинг не промаши празен гол во 71’ минута при 0-1.

Гол во стилот на Меси падна во Аргентина

Во продолжението од аргентинската Суперлига, Ривер со 2-0 го совлада Олимпо. Двата гола ги даде шпицот Начо Скоко а вториот беше мајсторија во стилот на Марадона и Меси.

Таткото што ја крстил ќерка му по името на Меси

Лионел Меси има милион обожаватели ширум светот, но само еден се решил да го крсти детето во негова чест.

Баталете ги другите лиги, само во Серија А е неизвесно

На три и кусур месеци до крајот на сезоната во националните првенства, веќе ги имаме имињата на четирите шампиони од можни пет првенства кои ги следиме деноноќно. Да бидеме реални, никој не ги стига Баерн, Сити, Барса и ПСЖ. Мелат.

Како Лаки Лучано Моџи итро го донел Буфон во Јувентус

Човекот кој од сенка палеше и гасеше во италијанскиот фудбал, вешто чекал големите екипи да се наддаваат за Џанлуиџи Буфон и од сенка сочекал прилика да го донесе во „Старата Дама“.

Една поинаква кореографија на легендите на Милан

Телевизиско италијанско шоу од 2000-та година во кое треба да препознаете четворица важни играчи од историјата на Милан: Алесандро Костакурта, Џенаро Гатузо, Масимо Амброзини и Андриј Шевченко. Кога дечките беа ептен во елемент.

Седум фудбалски моменти кои го одбележаа јануари

Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул и Барселона направија по еден топ трансфер од кои ќе се очекува многу, Оман крена пехар, а серијата на Манчестер Сити без пораз не можеше да трае вечно.

Тетоважа за Креспо на левата рака и голема љубов кон својот Габон

Еден од најдобрите играчи на денешницата, Габонецот со француско потекло, Пјер-Емерик Обамејанг конечно стави крај на сите заврзлами и потпиша богат договор со Арсенал. Животна желба му била да заигра за Реал Мадрид и да вози бесни коли.

Деби на Адис Јаховиќ од соништата, Ето не беше ниту на клупа

Македонскиот голгетер кој можеби со право се подналути што нема минутажа за репрезентација, влезе во игра за својот нов клуб од клупата за резерви и го расплака Фатих Терим со гол во 91-ва минута.

Сериозно луда конкуренција за најубав гол во Бундеслига

Макс Арнолд од Волфсбург, Леон Бејли од Баер Леверкузен (х2), Хамес Родригез од Баерн, Кагава од Дортмунд и уште неколку играчи поставија сериозна задача во изборот за гол на месец јануари во германската Бундеслига.

Како некогаш ја пречекуваа Рома на Сицилија

2009-та година, римската „Волчица“ пристигнува во Катанија, вториот град по големина на Сицилија. Секоја населба, секое маало на нозе, да им се покаже каде тоа дошле. Линч.

ФИФА ја испофали македонската фудбалска репрезентација

На официјалниот сајт на Светската фудбалска унија се појави голема статија во чест на одличните настапи на македонската фудбалска репрезентација која слави јубилеј од 25 години учество на меѓународна фудбалска сцена.

Како Реал може да ја спаси сезоната

На табела се четврти на -19 од Барса, во Копа дел Реј беа посрамотени од Леганес, но вистинскиот испит за нив е закажан за овој месец. За две недели го играат првиот нокаут меч од ЛШ против ПСЖ кој е во страшна форма. Таму треба да го бараат пресвртот на сезоната.

Одбраната на Манчестер Сити е три пати поскапа од министерството за одбрана на Македонија

Гвардиола во една прилика изјави дека модерниот фудбал го правел тажен и дека се надева дека ќе го задржи методот на Барса цела кариера. Со парите кои ќе ги даде Сити за своите деветмина дефанзивци, може да се среди една мала држава.

Си била Серија А и денар не потрошила за играчи

Најдобрата италијанска лига е зад англиската втора дивизија на табелата на потрошени средства за трансфери во јануарскиот преоден рок. И зад американскиот МЛС.

Лестер за некого мајка, за Марез маќеа

Во последниот ден од трансфер преодниот рок Ријад Марез неочекувано можеше да премине во Манчестер Сити кој даваше еден куп пари, но Лестер одби.

Коментар на денот за брзиот гол на Тотенхем против Манчестер

Кристијан Ериксен за само 11 секунди го совлада Манчестер Јунајтед. Од тоа произлезе еден од најинспиративните коментари на кој човек добива болка од смеа на јаболчниците.