СП 1990, полуфинале
Западна Германија - Англија 1:1 (4:3)
По 120 минути тензија во Торино, Англичаните прв пат во историјата застануваат да изведуваат удари од белата точка и тоа за влез во финале на Светско. За Западна Германија погодија Бреме, Матеус, Ридле и Тон, а за Англија погодија Линекер, Бердсли и Плат, а промашија Пирс и Вадл.
ЕП 1996, четвртфинале
Шпанија - Англија 0:0 (2:4)
Втората серија ја изведуваа на домашен терен и таа им е единствената успешна се до вчера. Јеро ја погоди пречката, а Симан му ја фати на Анхел. За Шпанија погодија Амор и Белуз, а промашија Јеро и Анхел. За Англија погодија Ширер, Плат, Пирс и Гаскоњ.
ЕП 1996, полуфинале
Германија - Англија 1:1 (6:5)
Четири дена подоцна нови пенали за Англија, но овој пат неуспешни затоа што промаши само актуелниот селектор на Англија, Саутгејт. Инаку погодија Ширер, Плат, Пирс, Гаскоњ и Шерингам, а за Германија прецизни беа Хаслер, Струнз, Ројтер, Циге, Кунтс и Милер.
СП 1998, осминафинале
Аргентина - Англија 2:2 (4:3)
Меч кој се памети по соло голот на Овен, црвениот картон на Бекам и поништениот гол на Кембел. И во оваа серија имаше само едно промашување, она на Ники Бат откако погодија Ширер, Инс, Мерсон и Овен. За Аргентина прецизни беа Берти, Креспо, Верон, Галардо и Ајала.
ЕП 2004, четвртфинале
Португалија - Англија 2:2 (6:5)
За Португалија погодија Деко, Симао, Роналдо, Маниче, Постига и Рикардо, а промаши Руи Коста. За Англија прецизни беа Овен, Лампард, Тери, Харгривс и Кол, а утнаа Бекам и Васел.
СП 2006, четвртфинале
Англија - Португалија 0:0 (1:3)
Џабе толку ѕвезди кога од четворица англиски репрезентативци погоди само еден, а тоа е Харгривс. Утки забележаа Лампард, Џерард и Карагер. За Португалија погодија Сиамо, Постига и Роналдо, а промашија Виана и Петит.
ЕП 2012, четвртфинале
Англија - Италија 0:0 (2:4)
Составот на Рој Хоџсон имаше надежен старт бидејќи Италијанците први промашија, но на крајот сами си пресудија со утки п оред. За Англија погодија Џерард и Руни, а утнаа Јанг и Кол. За Италија погодија Балотели, Пирло, Ночерино и Дијаманти, а промаши Монтоливо.