Го даде Кристијан Ериксен синоќа на големото дерби Тотенхем - Манчестер Јунајтед за 1:0, уште во 11-та секунда. Тоа е трет најбрз гол на сите времиња во Премиер лигата, а најбрз гол сезонава.
Гиренсуспор загуби 1:2 од Фенербахче во Турскиот Куп со гол во 90-та минута. Трагичар на средбата е Бразилецот Додо кој промаши пенал за домаќините на чуден начин.
Мартин Хансон важеше за еден од најдобрите европски фудбалски судии. Како топ судија имал само еден сон - да свири на Светското првенство 2010 во Јужна Африка. Една лоша вечер во Париз на 18. ноември 2009-та му ја однесе целата кариера низ вода.
За жал нашата репрезентација нема да игра на Мундијалот 2018 во Русија летово, инаку и ние ќе можевме да конкурираме за победнички слоган за репрезентативниот автобус.
Во случај да има избор за најдобра опрема на еден клуб во Европа, меѓу главните кандидати би бил шведскиот трофеен АИК од Стокхолм.Nike им произвел целосно црна опрема: дрес, штуцни, шорцеви, ракавици, копачки, тренерки, тренинг маици.
Во 2015-та година еден познат писател од карипската земја Јамајка ја доби најпрестижната „Букерова награда“ за неверојатниот роман, а она што се случи со едно дете од неговиот роден град би можело да биде сценарио за филм за Оскар.
Фудбалерите на ПСЖ газат сè пред себе оваа сезона, што е нормално со таков тим. Но во таа страшно силна напаѓачка навала која привлекува голем публицитет, никој не останува рамнодушен на уличното однесување на Нејмар.
Најдобриот италијански голман на сите времиња пред два дена прослави 40-ти роденден, а вечерва се врати на терен после повредата и одбрани пенал на гостувањето во Бергамо против Аталанта. Јувентус славеше 0-1 со голот на Игуаин во 2’ минута и 29’ секунда, а Џиџи му фати пенал на Алехандро Гомез во 25’ минута, по прегледувањето на ВАР. Буфон и во 88’ минута одбрани неверојатно по шутот на Петања. Реваншот од полуфиналето на Купот се игра на 28 февруари во Торино.
Кој прати италијанско од пред 20 години, не може да не ја памети глеткава. Бреша, а потоа Пјаченца во второ од игра го вади својот напаѓач, а тој седнува на клупа и пали цигара. Тоа е Дарио Хубнер, легенда која еднаш се раѓа. Дебитираше во Серија А на 30 години.
Еден од играчите со реноме кои го напуштија фудбалот минатата година беше Давид Виља, човекот кој спокојно се пензионираше на 35 години бидејќи освои сè со Шпанија и Барселона. Внимавајте какво решение имаше на средбата Валенсија - Хетафе, одиграна пред пет години. Нема да му текне на секој вака.
Иако го води Милан речиси три месеци, досега никој не забележал за необичната мотивација на Џенаро Гатузо за своите играчи. После секој триумф им дозволува да му удрат по една заушка/чушка.
Сме виделе разно разни видови на пожртвуваност во одбрана, ама да стасаш со нога на 2 метри висина каде што е пречката, треба стварно да си феномен. Со што те ранат тебе?
„Се навикнавме дека тоа е страшно и лошо, но зошто? Кризата е добредојдена. Прав момент да се смени сè од нула. Кога сфативме дека Еибар е мал и сиромашен клуб, тоа ни даде сила и искреност да му ја раскажеме нашата историја на светот“, вели младиот шеф на клубот.
Најголемата легенда меѓу легендите вчера наполни 40 години. Што да се каже и издвои повеќе од човекот кој 6 сезони ги носеше ракавиците на Парма и веќе 17 не ги соблака оние на Јуве. Да оставиме да кажат другите.
Како гром одекна веста дека Златан Ибрахимовиќ дошол во посета на Штип. Спонтано, тивко, со капче на глава, Ибра седнал во ресторан во градот а кој бил таму во моментот, се сликал со него. Што точно ги привлекува Кавани и Златан во нашата убава земја?
Манчестер Сити синоќа му гостуваше на Кардиф во ФА Купот. Поведоа „граѓаните“ 0-1 со голот на Де Брујне во 8’ минута, а во 26’ Бернардо Силва упати ракета од 16-ина метри и постигна неверојатен погодок. Линискиот судија крена знаменце веројатно мислејќи дека Лерој Сане од офсајд влијаел врз играта и ја допрел топката.
Речиси да нема коло во Серија А каде сите 20 екипи можат да бидат раат што се однесува до судењето. Понеделничките изданија на весниците стандардно се полнат со бројот на спорни и скандалозни судиски одлуки кои само продолжуваат и не се намалуваат.
На последните 7 средби во Серија А, Рома загуби од Торино, Јуве, Аталанта и Сампдорија, а одигра реми со Сасуоло и Интер, плус нерешениот резултат на заостанатиот меч со Сампдорија. Ќе смрзнат ако продолжат вака.
Вид Белец, голманот на Беневенто не можеше да го поднесе поразот на својот тим од Торино па реши на Нианг да му удри клоца при едно истрчување од шеснаесетникот. Очекувано доби директен црвен картон без размислување. Вид Белец е Словенец, дете на Марибор кој порано беше голман во Интер.
Џенаро Гатузо не е човек како и сите други и од него најмалку се очекува да му каже на некој: „Среќен роденден, голем да растеш“. Водителката Иларија Д`Амико, инаку партнерка на Џиџи беше синоќа во разговор со него, а царот во сред емисија во живо и рече: „Залапај го од мене“. Костакурта се здроби од смеење.
Сезонава, како и секоја досега, се изнадава голови, има многу асистенции и е најзаслужен што Барса направи пресврт против Алавес и од 0-1 победи 2-1. Ама тоа не го брише фактот дека Луис Суарез е најпргавиот фудбалер во Европа. Го казнуваа со месеци, со недели, ама памет не му доаѓа.
По четири сребрени медали и две бронзи, двократниот светски првак за прв пат во својата историја освои Европско првенство. Херојот на Вардар, Арпад Штербик вечерва беше херој и за Црвената Фурија.