Англија првпат во историјата на Мундијалите помина на пенали

Во крајно неизвесен меч кој по регуларните минути заврши 1-1 со гол на Колумбија во 94’ минута, Англичаните славеа по подобро изведување пенали 5:4 и во четвртфиналето одат на Шведска.

Иако со голот на Хари Кејн од пенал во 57’ минута (Колумбијците долго протестираа, но американскиот судија Мајк Гајгер остана на својата одлука), Англија поведе и беше на една минута од четвртфинале, пласманот им го отежна стоперот на Барселона Јери Мина со својот трет гол на Светското првенство и трет со глава.

После продолженијата немаше победник па следуваше пенал рулетот. Англија три пати во својата историја на Светските првенства изведувала пенали и сите три пати била елиминирана (1990 во Италија изгуби од Западна Германија, 1998 во Франција поразени од Аргентина а во 2006 попрецизни беа Португалците).

Тоа проклетство „Гордиот Албион“ го разби вечерва и ќе играат за своето трето полуфинале на Светско првенство, а прво од 1990-та година.

Драматичната пенал серија:

Прославата на Јан Рајт и Гери Невил во студиото на Скај Спортс:

Во борба за златна

Четвртфинални двојки:

УРУГВАЈ - ФРАНЦИЈА 6.7.2018
(Нижњи Новгород)
БРАЗИЛ - БЕЛГИЈА 6.7.2018
(Казањ Арена)
РУСИЈА - ХРВАТСКА 7.7.2018
(Олимписки стадион - Сочи)
ШВЕДСКА - АНГЛИЈА 7.7.2018
/Космос Арена, Самара)

та копачка за најдобар стрелец на Светското убедливо води Хари Кејн со 6 гола. Втор е Лукаку со 4, Мбапе има 3 колку што имаат и Черишев, Кавани и Дзјуба. 

3 јули 2018 - 23:15