Убиен е октоподот кој и предвиде осминафинале на Јапонија

Додека им служеше добро во групна фаза го чуваа, а тој им возврати навивачки со 100% точна прогноза. Потоа газдата се излакоми по пари и не ја дочека нокаут фазата, а кој знае можеби немаше да биде тој проклет пресврт во 94-та минута.

Рабиот е новата атракција меѓу животните кој предвидуваше резултати на Светското првенство во Јапонија. Уловен е во Обира, Хокаидо и задолжен да ги предвидува резултатите од групата Х.
 
Октоподот ги погоди сите три прогнози за кој му беше доделена задачата, а тоа е дека Јапонија ќе ја победи Колумбија, потоа дека ќе одигра нерешено со Сенегал и дека на крај ќе загуби од Полска.
 
Методот вклучуваше базен со три кошници на храна, едната ја претставуваше Јапонија, другата беше победникот од спротивниот табор и третата за нерешено.
 
Никогаш нема да дознаеше која ќе беше прогнозата на Рабиот во осминафиналето Белгија - Јапонија, бидејќи рибарот Кимио Абе кој го фатил сметал дека неговиот бизнис е поважен од тоа да го држи жив во нокаут фаза.
 
Не е ова прв пат октопод да предвидува резултати на Светско. Октоподот Пол на СП 2010 стана планетарна ѕвезда откако ги погоди сите резултати на Германија, како и финалето на кое предвиди дека Шпанија ќе го подигне пехарот.
 
Освен Рабиот, резултати на овој Мундијал гаѓаше и мачката Ахил. На Русија им ги погоди и двете победи против Саудиска Арабија и Египет, но погрешно го истипува мечот меѓу Нигерија и Аргентина.

3 јули 2018 - 12:33