Во неверојатна фудбалска претстава со лудо второ полувреме за какво сонуваат сите фудбалски сладокусци, Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 на првиот натпревар од шпанскиот Суперкуп.
По елиминација на Вардар, белорускиот БАТЕ Борисов се наоѓа на чекор до пласман во групната фаза од Лигата на шампиони каде само за „добродојде" од УЕФА ќе ги пречека чекче од 11 милиони евра.
Навивачите на Арсенал ем одамна не се радувале на титула, ем трошат најмногу пари. Англичаните пресметаа дека доколку некој сака да ги следи сите натпревари на својот клуб во Премиер лигата, најевтино ќе помине ако навива за Виган.
Новата бразилска ѕвезда, Нејмар има неверојатни дриблинзи, асистира, дава прекрасни голови... но и тој знае да промаши и да се вброи помеѓу најлошо изведените пенали.
Љубовта кон клубот секогаш е на прво место, па дури и на најважниот ден во животот. Младенци од Босна и Херцеговина заедно со сватовите на денот на нивната свадба посетија и фудбалски натпревар.
Шпанските гиганти, Реал Мадрид и Барселона ќе се сретнат уште на стартот на новата сезона во рамките на шпанскиот Суперкуп, а Мурињо директно ќе се соочи и со човекот на кого минатата година му брцна прст во око.
По две неуспешни кандидатури, Чедомир Јаневски е 11-от селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Тој ќе ја има тешката задача да го предводи националниот тим во квалификациите за Светското првенство во 2014-та и да го подобри угледот по мизерниот пласман на ФИФА ранг листата.
Во моментов се одржува Светско првенство за фудбалерки до 20 години, каде на натпреварот помеѓу Бразил и Италија беа постигнати голови на кои можат да им позавидат и нивните колеги од машките сениорски репрезентации.
Уште една жртва на правилата на модерниот фудбал. Давид Виља ќе биде казнет парично заради маичката со која го посвети голот на својата сопруга и ќерките.
Бразилската фудбалска легенда повторно сака да е во центарот на вниманието. По кој знае кој пат си се испофали, а не ја пропушти шансата и да го искритикува Марадона, но и Лионел Меси.
Неверојатна снимка од еден нисколигашки фудбалски натпревар. Штета што го немаме целосното видео па да видиме дали чичкото им се симна доле и им го дупна фудбалот како што ни правеа нас во маало кога ќе направевме нешто вакво.
Една од легендите на италијанскиот фудбал, Филипо Инзаги замина во пензија и ја започна тренерската кариера предводејќи еден од јуниорските тимови на Милан. Пипо откри дека најзаслужен за неговото пензионирање е Жозе Мурињо.
За жал не онаков каков што сакаме да видиме, туку оној понеубавиот топлес. Навивач на Саутемптон стана ѕвезда на интернет со неговата прослава по голот против Манчестер Јунајтед.
Прославата на Балотели по голот против Германија на ЕУРО 2012 веќе стана легендарна и многу фудбалери низ светот се обидоа да го имитираат, но овој 5-годишник не само што го прослави голот во тој стил, туку тој и го постигна голот во стилот на Марио Балотели.
Си мислевме дека тоа може само во Македонија да се случи кога пред неколку години ФФМ им штапаше дресови со печатна грешка на ГрозданоВски и НаумоВски, но ете тоа им се случи и на Манчестер Јунајтед.
Додека платите на обичните работници Британци во последните 20 години се покачиле за 186%, од формирањето на англиската Премиер лига во 1992-та година па до денес, примањата на фудбалерите се зголемиле за 1508 проценти.
И покрај тоа што пред само два дена некој се обиде да ја пласира информацијата дека УЕФА ќе му прогледа низ прсти на Работнички, тоа се покажа како невистина. ФК Работнички сепак заработи суспензија од европските натпреварувања.
Своето деби за Манчестер Јунајтед го имаа новите засилувања Робин ван Перси и Шинџи Кагава, но тие овој натпревар нема да го паметат по добро. Манчестер Јунајтед загуби на гостувањето кај Евертон во првото коло од англиската Премиер лига.
Во првото коло од шпанската Примера, неубедливиот актуелен шампион не успеа да ја совлада Валенсија, Барселона убедливо славеше против Реал Сосиедад, а Билбао и Бетис одиграа со неверојатни 3:5.
Европскиот и англискиот шампион стартуваа со победи во Премиер лигата. Челси предводени од новото засилување Еден Азар триумфираше на гостувањето кај Виган, а новиот Премиер-лигаш Саутемптон не успеа до крај да издржи против Манчестер Сити.