Инцидентот се случил при крајот на денешниот тренинг кога Балотели остро стартувал над неговиот соиграч Скот Синклер.
Проблематичниот Италијанец долго време беше миленик на неговиот тренер и сонародник, но очигледно тие веќе не се поднесуваат. Однесувањето на Балотели на денешниот тренинг ја прели чашата, по што Манчини му се нафрлил и морале да интервенираат останатите членови на стручниот штаб за да ги раздвојат.
Ова не е прв инцидент на Балотели на тренинг на Манчестер Сити. Во минатото тој се степа и со Јаја Туре и Мика Ричардс.