Двајцата поранешни фудбалери на Интер Оба Оба Мартинс и контроверзниот Марио Балотели кои своевремено заедно настапуваа на „Сан Сиро" повторно ги спои патот, но овој пат приватно.
Сестрата на Марио која за разлика од нејзиниот брат своето детство го помина со биолошките родители, веста за нејзината бременост ја сподели на фејсбук. На тој начин дозна и самиот Балотели.
„Почнав да го чувствувам бебето. Овој божиќ за мене и за мојата фамилија е посебен" – напиша на својот профил Абидајл Балотели.
Инаку Абидајл стана популарна не поради нејзиниот брат, туку поради учеството на италијанското реално шоу „Изола деи фамози". Папараците неколку пати ги фатија во прегратки во јавноста, а минатиот месец ги уловија во незгодна ситуација.