30-годишниот навивач на ПСЖ по преминувањето на Златан Ибрахимовиќ во Франција го регистрирал домејнот zlatan.fr и најпрвин се обидел да му го продаде на клубот, но откако не успеал, решил да му се обрати директно на играчот.
Но навивачот со голема смисла за хумор не бара пари од Златан, туку го уцени со неколку услови и ќе му го предаде доменот доколку исполни барем едно од неговите барања.
Ова се барањата:
- подари ми дрес од ПСЖ, а на него да го има моето име и да пишува „По Златан, ти си најдобар!"
- еден месец живеј во мојот стан. Така цел живот ќе можам да викам: „Ибра? Да, тој еден период спиеше кај мене на кауч."
- подари ми 3 доживотни сезонски влезници за мене и за двајца мои другари. Но не од евтините.
- победи ме во шутирање пенали и тоа на стадионот „Паркот на принцовите", за да бидеш на домашен терен и да немаш оправдување кога ќе те победам.
- победи ме во Таеквондо. Сум слушнал дека не си лош во оваа дисциплина. Јас никогаш не сум го вежбал овој спорт, па ти препорачувам да го одбереш овој услов.
- подари ми прамен од твојата коса. Силата на Самсон била во неговата долга коса. Мислам дека така е и кај тебе. Јас ќе го закачам праменчето на привезок за клучеви и секогаш ќе си го носам со мене за да ми дава сила до крајот на животот.
- победи ме на ФИФА13. Ти ќе ги избереш тимовите, но те предупредувам дека немаш шанси.
- постигни гол со ножички од повеќе од 30 метри на официјален натпревар. Само се шегувам... ова не е можно.
- дозволи ми да ти удрам шамар без да кажеш збор и тоа во јавност.
- подари и твоја слика со голи гради на мојата девојка. Ова не е мојот омилен услов.
- среди го трансферот на Нејмар во ПСЖ за време на летниот преоден рок.
- едноставно побарај ми го доменот, но лице во лице и тоа на француски.