Фудбал

Лацијалски Derby della Capitale

Внимание: Гледањето на видеово може да предизвика солзење на очи кај навивачите на Рома.

Еволуцијата на Меси

Ричард Фицпатрик во неговата книга „Ел Класико: Барселона - Реал Мадрид, најголемото фудбалско ривалство", ја раскажува приказната за развојот на Лионел Меси од мало плачливо дете до најдобар фудбалер на планетата.

Како се чува Меси

Дефанзивците од противничките екипи имаат голем проблем да го чуваат Лионел Меси, но проблем со негово чување имаа и безбедносните сили на Саудиска Арабија при пристигнувањето на аргентинската репрезентација во оваа земја.

Давид Луиз расплакан на скриена камера

Луиз е познат како шегаџијата во соблекувалната на Челси, но во овој случај една португалска телевизија реши да се пошегува на негова сметка.

Чеде ја утна математиката со Бабунски

Од доаѓањето на селекторската позиција па се до сега, Чедомир Јаневски ги доби сите пофалби, но овој пат заслужи и критика заради неинформираност или погрешна проценка околу неповикувањето на Давид Бабунски.

Али Диа - најпознатиот фудбалски измамник

Веројатно повеќето од вас прв пат го слушаат името Али Диа, но оние постарите кои ја следеа Премиер лигата во 90-те години најверојатно се сеќаваат на човекот кој успеа да ја измами Премиер лигата.

Предлог фудбалски подароци

Се ближат празниците, односно период кога најверојатно ќе треба да купувате подароци, па ние имаме неколку предлози за вас.

Меси го надмина Пеле

Со два гола во победата над Мајорка, Лионел Меси стигна го бројката од 76 погодоци во календарска година и го подобри успехот на Пеле од 1958-та година. Пред него е само уште Герд Милер со 85 голови.

Ливерпул извлече бод кај Челси

Челси трето коло по ред не знае за победа во Премиер лигата. Овој пат два бода им украде Ливерпул, односно Луис Суарез. Един Џеко повторно го спаси Манчестер Сити.

Лацио со пресврт до триумф на Derby della Capitale

Лацио полека ја добива битката за превлст во Рим откако триумфираат на трето дерби по ред. Овој пат тие победија на „базенот" во Рим со играч повеќе и пресврт по почетното водство на Рома.

Пескара се сретна со машинеријата на Јувентус

Екипата на Пескара ја имаше таа „среќа" да игра со Јувентус веднаш по нивниот прв пораз по 49 натпревари.

Три години без Роберт Енке

На денешен ден пред три години светот беше шокориан од веста за самоубиството на Роберт Енке. Репрезентативниот голман на Германија си го одзеде животот по долгата депресија заради смртта на двегодишната ќерка.

Голови на неделата

Погледнете го изборот на TVGOLO за најдобите десет голови од изминатите седум денови.

Таџикистански хаос

Гостинските фудбалери од екипата на Енергетик Душанбе едвај извлекоа жива глава на гостувањето кај Истаравшан на натпревар од првата лига на Таџикистан.

Само еден црнец помеѓу тренерите во големата петорка

Во лигите на големата петорка (Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција) работат вкупно 98 тренери. Најмогу има Германци и Французи, а најмалку се Англичани, но од сите 98, само еден е црнец.

Евроголови во Лига Европа

Во четвртото коло од Лига Европа беа постигнати вкупно 69 голови, а некои од нив беа вистински евроголови.

Тричковски и Тасевски стрелаа во Лига Европа

Успешно коло за дел од македонските интернационалци во Лига Европа. Иван Тричковски и Дарко Тасевски се запишаа во листата на стрелци за своите тимови, а Горан Пандев забележа победа со Наполи.

Водка не е за секого

Ништо ново од Русија. Само уште еден навивач кој сакал да се „загрее“ пред натпревар, но очигледно претерал.

Спаси го Реал Овиедо

Се сеќавате ли на Реал Овиедо, поранешниот клуб на Митко Стојковски и клубот кој ги произведе Мата, Казорла и Мичу? За десетина евра можете да станете косопственик на прославениот шпански клуб и да го спасите од финансиките проблеми.

YNWA на Селтик Парк

Песната "You'll never walk alone" во 60-те години стана химна на Ливерпул, а набргу беше прифатена и ја пеат навивачи во цела Британија, Германија, Холандија, па дури и Јапонија, а една од подобрите изведби ја имаа навивачите на Селтик кои на синоќешниот натпревар против Барселона ја прославија 125-годишнината на нивниот клуб.

Проектил со 130 км/ч

Бразилскиот клуб Сао Паоло во рамките на четвртфиналето од Копа Судамерикана го победи Универсидад де Чиле со 5:0, а четвртиот гол на натпреварот беше ремек-дело од слободен удар на Рафаел Толои.

Реванш по 140 години

Првото финале на најстарото фудбалско натпреварување, англискиот ФА Куп се одиграло во 1872-та година. По пауза од 140 години, двата финалисти повторно се сретна.

Селтик го расплака Род Стјуарт

Секако тоа беа солзи радосници од Англичанецот со шкотско потекло по победата на Селтик над Барселона од 2:1 и тоа ден по прославата на 125-от роденден на клубот.