Џек Родвел веќе 2 сезони го мачи повредата на тетивата под коленото, па кога летово Манчестер Сити го купи од Евертон за 15 милиони евра, дури и самиот тој изјави дека се изненадил што англискиот шампион реши да ја инвестира оваа сум за него.
На Родвел му било преку глава од повредите, па тој решил да направи неколку промени на работите кои му влијаеле на неговите повреди. Една од нив е и перницата.
„Имав ниска спортска кола која влијаеше на повредите, па решив да си купам џип. Пробав се што е можно и мислам дека конечно сум здрав. Ја сменив перницата на која спиев и се преселив поблиску до Манчестер затоа што не сакав да седам во иста позиција додека возам еден час секој ден", изјави Родвел.
Како резултат на неговите повреди, 21-годишниот фудбалер минатата сезона за Евертон настапи само 17 пати, а оваа сезона во дресот на Манчестер Сити паузираше од септември па се до минатото коло.
Константните повреди беа причина и за негово бришење од поширокиот состав на Англија за Европското првенство во 2012-та, како и Олимписките игри во Лондон.