Телевизијата како начин на шега одлучи да ги употреби новите играчи кои управата на клубот одлучи да ги купи изминатото лето. Дел од фудбалерите кои ги искористи за мајтап се Де Јонг, Савиќ и Џонсон, потенцирајќи го нивниот досегашен скромен придонес.
На екранот наместо Сити стоеше зборот „Шити" нагласувајќи дека трансфер политиката во летниот преоден рок била погрешна. Но по големиот број реакции кои стигнале до ТВ станицата, одговорните веднаш се извинија за постапката.
Водителот Ларс Халвор Рабен се оправда дека тоа било само игра на зборови и дека немале намера никого да навредат, но сепак по бурните реакции одлучиле да се извинат.
Ова не е прв случај познат фудбалски клуб да биде исмејуван поради слаби резултати. Екипа која често пати е предмет на разни шеги е Ливерпул кој го доби името „Лузерпул".