Првото полувреме му припадна на составот на Алекс Фегусон кој беше поконкретен и поопасен. Немања Видиќ во 20 минута ја погоди стативата, а по одбиената топка налета Велбек кој биеше право во Диего Лопез.
Втората шанса за гол Манчестер ја имаше во 33 минута, кога Ван Перси биеше од косо, а на одбиената топка на голманот на Реал повторно биеше Велбек кој не успеа да го отвори резултатот.
Второто полувреме го отвори Серхио Рамос со автогол по само 3 минути игра, но за Реал на сцена стапија Модриќ и Роналдо кои за само три минути направија пресврт за четвртфинале. Хрватскиот репрезентативец биеше неодбранливо во 66 минута од околу 20 метри, а потоа Игуаин го пронајде Роналдо кој ја замолчи публиката.
На средбата во Дортмунд, екипата на Борусија по првите 2:2 во Украина ја оправдаа фаворитската улога и со 3:0 го елиминираа тимот на Шахтар. Германците преку Аугусто и Годзе имаа предност од 2:0 уште по првиот дел. Победата ја потврди Блашиковски во 59 минута.